Меѓуѕвезденото цунами може да дејствува како дефибрилатор „за црвените и за мртвите галаксии“, откриле астрономите.
Експертите велат дека во моментот кога соседните кластери од галаксии ќе се спојат, се создава шок-бран и во воскреснатиот космички систем се создаваат нови генерации на ѕвезди.

Според последното истражување, кое го спровеле Андра Строе и Дејвид Собрал од Опсерваторијата „Лајден“, мртвите галаксии кои имаат интеракција со своите кластерски соседи, имаат шанса да оживеат, објави магазинот „Мантли ноутис оф д Ријал Астрономикал сосајети“.

Научниците вообичаено го споредуваат вселенските класери, составени од илјадници галаксии со урбанистички структури во бесконечен простор. Во текот на милијардите години, овие структури се спојувале или судирале, ослободувајќи огромно количество енергија. Резултатот од ваквата појава е таканаречено вселенско цунами, кое патува меѓу кластерите и ги ги полни со енергија галаксиите чие енергетско ниво е ниско.

– Тоа е слично како мешање кафе со лажичка. Шокот предизвикува турбуленции во галактичкиот гас. Тоа предизвикува лавина, која на крај води кон формирање многу густи, студени облаци од гас, кои се од витално значење за формирање нови ѕвезди – вели Строе.