fbpx

Се сруши авион на јорданската војска, двајца пилоти погинаа

-

Авион на јорданската војска се срушил при рутински лет, а двајцата пилоти загинале, соопшти војската.

Портпаролот на војската, полковник Мамдух ал Амири, потврди дека се срушил авионот „фајрфлај“ во просторот за обука на пилоти, но не ја навел причината за падот.

Ал Амри навел дека погинале јорданскиот пилот потполковник Ибрахим Хасунех и ирачкиот пилот-приправник Лаит Насер.

Јорданската војска имаше сличен инцидент во 2013 година кога се сруши ист тип на воен авион и двајца пилоти загинаа.

Јордански авиони се вклучени во меѓународната коалиција што ја предводи САД и која спроведува воздушни напади по упориштата на припадниците на Исламската држава, која држи под контрола третина од Ирак и од Сирија.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Полицијата насилно го задуши про-палестинскиот протест на Универзитетот Калифорнија

Стотици полицајци влегоа на кампусот на Универзитетот Калифорнија (УКЛА) денес во обид да го расчистат про-палестинскиот протестен камп, кој вчера беше нападнат од израелски поддржувачи, пишува Гардијан. Се проценува дека...