Излезе најнов трејлер за Dragon Age Veilguard: преднарачките за играта се во тек

Играта треба да излезе на 31 октомври во DragonAge серијалот

Dragon Age 4 Veilguard скриншот од EA

Излезе најновиот трејлер за Dragon Age Veilguard, играта што треба да излезе на 31 октомври во DragonAge серијалот (со напомена дека играта е за возрасни):

Што се однесува до арт стилот на самата игра овојпат тој ќе биде драстично променет, а дискутабилно е дали промената е на подобро, затоа што во исто време наликува на Kingdoms of Amaldur, ама не тежнее толку кон сличноста со Fable серијалот туку повеќе наликува на стилот на првата Dragon Age. Направена е повеќе во стил на „цртан филм” наместо да ја задржи „бруталната сериозност” од првиот дел. Првичниот наслов на Dragon Age 4 беше додавката Dreadwolf, но тој беше променет во Veilguard низ развојот на играта.  

Од PC gamer потврдија дека според напишани и гласовно одглумени и снимени дијалози оваа игра ја надминува и „Балдурс Гејт 3”, но сепак нема повеќе видео и аудио дијалози од Старфиелд каде и приказните не се најдобро и повеќе се работи за квантитет отколку за квалитет и квантитет како кај Балдурс Гејт 3.

„Драго Ејџ” серијалот засега има три игри Dragon Age Origins, Dragon Age 2 и Dragon Age 3: Inquisition која неодамна беше на бесплатна промоција на Epic Games и за која имаме напис што може да го прочитате овде, за да се запознаете повеќе со серијалот. 

Сепак, играта доста долго време се чека да излезе и целиот нејзин развој се репортира од гејминг-новинари ширум светот којшто девелоперите несебично го нудат како увид во тоа што следи додека ја оформуваат играта. Во подемот на RPG игрите кои се најпопуларен жанр на игри моментално, но и во претходниве неколку години со бројни успешни игри се очекува оваа игра да биде хит и конкурент за награди од типот на „Игра на годината” во повеќе медиуми и фестивали за видео игри. 

Преднарачката на играта е достапна уште сега и за PC може да се нарача на Steam, а бонусите се сетови, скинови за оклопи и други различни скинови за оружја – екслузивна козметика за преднарачки на играта која чини 60 евра. Но, сепак, покрај високата цена се очекува навистина квалитетна „компетитор” игра. На тема Dragon Age имаме два написи кои детално ја објаснуваат.

Во секој случај Dragon Age 4 Veilguard ќе привлече доста внимание, особено заради тоа што е Single player игра, што нуди опција за паузирање на играта, нешто што е недостапно во „мултиплејер” игрите, кои често условуваат да се помине повеќе време во игра и каде секој прекин ви го намалува напредокот.