Две нови бесплатни игри на Епик гејмс: Фудбал менаџер 2024 и Снајпер

skrinshot-od-epic-games-_footbal-manager-and-sniper
Скриншот од Епик гејмс

Две нови бесплатни игри може да се преземат од гејминг платформата на Epic Games до четврток: Фудбал менаџер и Снајпер. Потребно е да регистрирате акаунт и да го симнете софтверот на платформата за да можете да ги преземете игрите.

Во времето кога „Фудбалче“(ФИФА) и „Кантер“ (Кантерстрајк) беа најиграни игри додека постоеја локални играчници, тоа беше не само локален туку и светски тренд -особено за почетници гејмери. Епик гејмс неделава даваат две поврзани игри како омаж на таа ера каде сега имаме една игра со фудбал и една со пукање.

Во играњето Кантер секој играч имал фаза каде се обидел да игра целовремено со снајпер, некои помалку некои повеќе успешно. Играта Снајпер (Sniper Ghost Warrior Contracts) е одлична игра за играчи што имале ваква пасија во стилот на играње, но бара и трпение и способност за прикрадување без да бидете забележани.

Генерално, би препорачале избегнување на „пукачки“ FPS (First Person Shooter) игри што најчесто се со ознака 18+.

Оваа игра е најиграна од оние што сакаат да менаџираат тимови и да прават стратегии за фудбалски мечеви иако првичните верзии беа текстуални табели со играчи, статистики, веројатности и генериран исход. Во поновава верзија има и анимации кои не се врвни како најновите класични игри со фудбал, но сепак се добро сработени и имплементирани во играта.

Двете бесплатни игри се квалитетни иако не се баш најнови. Но, во редовна продажба Фудбал Менаџер (Football Manager 2024) се продава 60 евра додека играта Снајпер (Sniper Ghost Warrior Contracts) e 30 евра. До четврток 12 септември можете да ги превземете овие две игри сосема бесплатно.