Не е точно дека прославата на Илинден пред Собранието била само на албански јазик

Ваквото тврдење очигледно има за цел да поттикне меѓуетничка нетрпеливост и политички да поентира

-

Прославата на Илинден пред Собранието не беше еднојазична, односно како што тврди објавата дека се одржала само на албански јазик. Ваквото тврдење очигледно има за цел да поттикне меѓуетничка нетрпеливост и политички да поентира. Факт е дека Ансамблот на албански народни песна и ора имаше настап со изведба на албанска песна, но целата прослава се одржа на македонски јазик, пишува Вистиномер. 

Текстот го пренесуваме во целост:

 

Објава на Фејсбук тврди дека прославата за празникот Илинден пред Собрание била само на албански јазик.

Прославата на Илинден пред Собрание стана еднојазична…само на албански. Мицко, ова ли е гордоста што им ја ветуваше на вмровците?, стои во објавата.

Ваквото тврдење не е точно.

Имено, по повод празникот 2 Август – Илинден, пред Собранието на РСМ се одржа прослава, но истата не се одвиваше само на албански јазик, како што тврди објавата што ја анализираме.

Церемонијата на одбележување на празникот ја водеше водителката Билјана Дебарлиева, која на присутните им се обраќаше на македонски јазик, а целата прослава во живо беше пренесувана на Фејсбук страницата на државната новинска агенција МИА.

Прославата почна со изведба на македонската химна. Потоа, обраќање пред присутните имаше претседателот на Собранието Африм Гаши, кој својот говор го одржа на македонски јазик.

По Гаши, како што најави водителката Дебарлиева, настап имаше академскиот хор „Мирче Ацев“ со композициите „Ајде слушај Калеш Анѓо“ и „Момиче мало ѓаволо“.

Додека Дебарлиева ги најавуваше, членовите на хорот „Мирче Ацев“ излегуваат на импровизираната сцена пред Собранието каде се одржа прославата по повод празникот Илинден

На крајот, настапи Националната установа Ансамбл на албански народни ора и песни со изведба на, како што и самите објавиле на Фејсбук, една од најубавите песни на бесмртната група „Трио Зајази“.

Според ова, не може да се тврди дека прославата на Илинден пред Собрание била еднојазична, односно дека се одржала само на албански јазик. Ова е погрешно и ваквото тврдење очигледно има за цел да поттикне меѓуетничка нетрпеливост и политички да поентира.

Она што е факт е дека Ансамблот на албански народни песни и ора имал настап со изведба на албанска песна, но целата прослава се одржала на македонски јазик. Поради тоа, објавата што ја анализираме, ја оценуваме како неточна.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Собирам пари за УКИМ“ – уметничка акција за истакнување на проблемите на студентите

Студентите кои денеска ги запишуваа своите трети, петти и седми семестри на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ (УКИМ) налетаа на необична глетка - предмети како монитори, книги, јакни и...