Maж се полил со бензин и се самозапалил пред зградата на хрватската Влада

Лицето е пренесено на интензивна нега на Клиниката за трауматологија, во тешка и животозагрозувачка состојба

-

Maж се полил со бензин и се самозапалил утрово пред зградата на Владата на Хрватска. Пред зградата на Владата видно шокиран бил и премиерот Андреј Пленковиќ кој веднаш го повикал министерот за здравство Вили Берош и координирале акција за згрижување на лицето, пренесува „Јутарњи“. На местото на несреќата одекнуваат сирени на полиција и на Итна медицинска помош.

Како што се наведува, лицето е пренесено на интензивна нега на Клиниката за трауматологија, во тешка и животозагрозувачка состојба, а лекарите ќе дадат повеќе детали околу пладне.

Сведок и очевидец за „Јутарњи“ изјавил дека мажот, во непосредна близина на Владата, видно вознемирен, се полил со гориво.

За настанот веднаш биле известени луѓето од обезбедувањето, но додека да реагираат, човекот веќе бил зафатен од пламените јазици. Од полицијата информирале дека добиле пријава за настанот во 9 и 37 часот.

„Согласно првичните информации, лицеето се самозапалило и Итна помош веднаш била испратена на местото на несреќата. Во моментов се утврдуваат причините за настанот“, соопштиле кусо од полицијата.

 

Македонските стрип-автори меѓу најбројните на Меѓународниот салон во Белград

На 21. Меѓународен салон на стрип во Белград, кој од 26 до 29 септември се одржува во Студентскиот културен центар, македонските учесници традиционално се меѓу најбројните. На распишаниот стрип-конкурс...