Двајца пилоти загинаа во Бугарија откако се урна воен авион по летот на Радев

Несреќата се случила набргу откако бугарскиот претседател Румен Радев извршил демонстративен лет со Ф-16 како подготовка за големиот аеромитинг кој бил планиран за сабота, и по несреќата е откажан

-

Двајца пилоти загинаа откако воен авион се урна кај воената база „Граф Игнатиево“ во близина на Пловдив, соопшти „Медиапул.бг“. Несреќата се случила набргу откако бугарскиот претседател Румен Радев извршил демонстративен лет со Ф-16 како подготовка за големиот аеромитинг кој бил планиран за сабота, и по несреќата е откажан.

Според воздухопловните сили, летот бил рутински и одамна планиран. Пилотите кои загинале биле едни од најобучените пилоти, а на авионот му бил направен ремонт оваа година.

Загинатите пилоти се 51 годишниот мајор Петко Димитров и 28 годишниот постар поручник Венцислав Данкин. И двајцата биле инструктори, пишува „Медиапул.бг“.

Бугарското јавно обвинителство соопшти дека се чека увид на местото на несреќата, идентификација и испрашување на сведоците, како и на сите службеници вклучени во планирањето, спроведувањето на тренажниот лет и одржувањето на авионот и копнената опрема.

Како што објавува „Медиапул.бг“, ваквите истраги обично се одолговлекуваат со години, а ретко кога се наоѓаат виновниците. L-39ZA „Албатрос“ L-39ZA „Albatross“ е високо маневрирачки млазен борбен авион дизајниран за почетна и напредна летачка обука, како и почетна обука и подобрување на летачките вештини на борбените екипажи.

Претседателот Румен Радев, кој е поранешен командант на воздухопловните сили, пред трагедијата летал со Ф-16 како копилот заедно со командантот на воздухопловната база Авиано во Италија, бригадниот генерал Тед Кларк. Летот траел околу 40 минути, по што Радев на командантот му доделил почесна значка.

Радев утре требало да гостува на отворениот летачки ден во базата „Граф Игнатиево“ по повод 20 години од влезот на Бугарија во НАТО и 35 години од приемот на авионот МиГ-29 во служба на бугарското воено воздухопловство.

Денеска во официјална посета на Бугарија е и македонската претседателка Гордана Сиљановска-Давкова, која во моментов е на средба со бугарскиот претседател Румен Радев.

Конкурс за краток хорор расказ на македонски јазик за „Ноќта на вештерките“

Во пресрет на празникот „Halloween“ или „Ноќта на вештерките“, кој традиционално во западните земји се одбележува на 31 октомври, Новинската агенција „Мета.мк“, во соработка со Книжевниот центар „Антолог“, објавува...