fbpx

Четворица приведени за нападот во концертната сала во Москва

Четворицата признаа вина за нападот во „Крокус сити хол“, во кој беа убиени најмалку 137 лица. Се чини оти Исламската држава стои зад нападот, а Русија тврди без докази дека Украина била вмешана

-

Четири лица, осомничени за нападот во концертната сала „Крокус сити хол“ во Москва, во кој беа убиени најмалку 137 лица, беа изведени пред суд во главниот град на Русија. Сите четворица признаа вина и ќе останат во притвор најмалку два месеца, пренесува Гардијан.

Осомничените Саидакрами Муродали Рачабализода, Далерџон Баротович Мирзоев, Шамсидин Фаридуни и Мухамедсобир Фајзов, беа идентификувани како жители на Таџикистан.

На снимки од судот може да се види како еден од осомничените е внесен со преврска на очите – се гледа неговото помодрено око откако судски службеници му ја вадат истата. Друг осомничен е внесен во судницата во количка.

Многу од загинатите во нападот починале откако се задушиле од чадот од огнот потпален од терористите, кои ја оставија салата „Крокус сити хол“ во непрепознатлива состојба.

Исламската држава (ИД) вчера издаде видеа од нападот кои досега не циркулираа во јавноста, со што се потврдува нивната инволвираност. Дополнително, ИД објави слики од напаѓачите пред нападот – независни истражувачи потврдија дека облеката која ја носат на фотографиите се совпаѓа со облеката која се гледа на снимките од нападот.

Русија, пак, ја обвинува Украина, избегнувајќи да ја спомне ИД во своите говори. Медуза, независна веб-страница на руски јазик, објави дека руските провладини медиуми добиле упатства од администрацијата на Путин да ги нагласат можните „траги“ на украинската вмешаност во нападот.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски целосно ги отфрли обвинувањата на Русија, а САД соопшти дека добиле разузнавачки информации дека Украина не била инволвирана во нападите на никаков начин.

Портпаролот на руското министерство за надворешни работи Марија Захарова ги исмеваше тврдењата на САД.

„Посакувам да можеа да го решат случајот на атентатот на сопствениот претседател Кенеди толку брзо. Но, не, повеќе од 60 години не можеа да откријат кој го убил. Или можеби и тоа беше Исис?“, напиша Захарова на Телеграм.

Таа дополни дека додека не заврши истрагата за нападите, секоја изјава од САД во која Украина се лишува од вина може да се земе како доказ за обратното.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Најголем напад на Русија врз украинскиот енергетски систем во последните неколку седмици

Руски проектили и беспилотни летала погодија речиси десетина украински критични инфраструктурни објекти во голем воздушен напад рано во средата, предизвикувајќи сериозна штета на три термоелектрани од времето на Советскиот...