fbpx

Се истражува пријава во Лондонската клиника – персоналот во болницата се обидел да дојде до медицинско досие на принцезата Кејт

Детали за состојбата на принцезата и операцијата не се откриени. Кенсингтонската палата претходно соопшти дека операцијата не е поврзана со рак и дека сака личните медицински информации на принцезата да останат приватни

-

Во Лондонската клиника, наводно е покрената истрага поради тврдења дека персоналот се обидел да пристапи до приватните медицински досиеја на принцезата од Велс додека таа се лекувала таму.

Најмалку еден член на персоналот се обидел да пристапи до белешките на Кејт Мидлтон додека таа била пациент во приватната болница во центарот на Лондон во јануари, објави „Дејли Мирор“, а пренесува „Гардијан“.

Се цитира извор кој рекол дека шефовите во болницата веднаш контактирале со палатата Кенсингтон откако дознале за инцидентот и ја увериле палатата дека ќе има целосна истрага.

Организацијата за заштита на приватноста и на податоците на Обединетото Кралство соопшти дека добила пријава за прекршоци.

Детали за состојбата на принцезата и операцијата не се откриени. Кенсингтонската палата претходно соопшти дека операцијата не е поврзана со рак и дека сака личните медицински информации на принцезата да останат приватни.

Истрагата доаѓа во период на предизвици за принцот и принцезата од Велс, откако објавена семејна фотографија во медиумите на Денот на мајката подоцна беше повлечена од страна на фотоагенциите откако беше покрената загриженост за можна манипулација со сликата.

Тоа беше прва официјална фотографија на принцезата откако ја помина операцијата. Принцезата подоцна упати јавно извинување и рече дека е одговорна за дигитално уредување на фотографијата.

Вчера, британски „Сан“ објави фотографии и видео на кое се прикажани Кејт и принцот Вилијам како пазарат во продавница на фармата Виндзор во близина на нивниот дом.

Кенсингтонската палата соопшти дека принцезата нема да се врати на кралските должности пред Велигден.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Постигнат цензусот за претседателските избори

Излезноста во вториот круг на претседателските избори до 17 часот е 42,32 отсто, изјави претседателот на Државната изборна комисија (ДИК), Александар Даштевски. Процентот на излезност до 17 часот, како што...