fbpx

Загриженост во Јапонија поради рекорден број стрептококни инфекции

Повеќето случаи на СТСС се предизвикани од бактерија наречена „streptococcus pyogenes“. Попознат како стрептокока А, може да предизвика болки во грлото, главно кај децата, а многу луѓе го имаат без да знаат и не се разболуваат

-

Експерти предупредуваат дека ретка, но опасна бактериска инфекција се шири со рекордна брзина во Јапонија, а властите се борат да ја идентификуваат причината, јавува Гардијан.

Бројот на случаи во 2024 година се очекува да ги надмине минатогодишните рекордни бројки, додека расте загриженоста дека најтешката и потенцијално смртоносна форма на стрептокока од групата А – синдром на токсичен шок (СТСС), ќе продолжи да се шири. Во Јапонија е потврдено високо присуство на вирулентни и заразни соеви од бактеријата.

„Сè уште има многу непознати фактори во врска со механизмите зад тешките и ненадејни форми на стрептокока, и не сме во фаза каде што можеме да објасниме“, изјавија од јапонскиот Национален институт за заразни болести.

Минатата година биле забележани 941 случај на СТСС. Во првите два месеца од 2024 година веќе се регистрирани 378 случаи, при што инфекции се идентификувани во сите освен во две од 47-те префектури на Јапонија.

Додека постарите луѓе се сметаат за изложени на поголем ризик, сојот од групата А води до повеќе смртни случаи кај пациенти под 50 години, според јапонскиот институт.

Повеќето случаи на СТСС се предизвикани од бактерија наречена „streptococcus pyogenes“. Попознат како стрептокока А, може да предизвика болки во грлото, главно кај децата, а многу луѓе го имаат без да знаат и не се разболуваат.

Високо заразните бактерии кои предизвикуваат инфекција, во некои случаи, може да предизвикаат сериозни болести, здравствени компликации и смрт, особено кај возрасни над 30 години. Околу 30 отсто од случаите на СТСС завршуваат фатално.

Кај постарите луѓе можат да се појават симптоми слични на настинка, но во ретки случаи, симптомите може да се влошат и да вклучат пневмонија и менингитис.

Некои експери, пишува Гардијан, веруваат дека брзиот пораст на случаите минатата година е поврзан со укинувањето на ограничувањата наметнати за време на пандемијата на коронавирус.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

(ИНФОГРАФИК) Првата жена претседател на Северна Македонија има трет најдобар изборен резултат во поновата историја

Гордана Сиљановска Давкова со самиот факт дека е прва жена претседател на Северна Македонија веќе влезе во историјата на државата на пиедестална позиција, пишува Вистиномер. Текстот подолу го пренесуваме во...