fbpx

ЗНМ и АВМУ реагираат на вулгарниот говор на Апасиев кон ТВ Канал 5

Во својата објава на социјалната мрежа Фејсбук, од 2 март, меѓу другото, Апасиев го истакнува и следното: „Од сите куртон-медиуми, само (К)АНАЛ 5 продужува упорно со вмроидната хајка против Левица!?“

-

Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) укажува на непримерна јавна комуникација од страна на Димитар Апасиев, пратеник и лидер на политичката партија Левица кон телевизијата Канал 5.

Во својата објава на социјалната мрежа Фејсбук, од 2 март, меѓу другото, Апасиев го истакнува и следното:

„Од сите куртон-медиуми, само (К)АНАЛ 5 продужува упорно со вмроидната хајка против Левица!?“.

Со оваа објава, велат од ЗНМ, Апасиев прави обид за дискредитација на медиумот Канал 5, а со користењето на вулгарни фрази може да се поттикне говор на омраза од страна на неговите следбеници.

„Укажуваме дека политичарите треба да се одговорни во своите јавни настапи бидејќи тие се јавни личности кои придонесуваат во креирањето на јавно мислење, а со своите постапки можат да влијаат негативно врз граѓаните кои ги следат“, велат од ЗНМ.

Од Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (АВМУ) велат дека покрај јавното етикетирање и дискредитирање на медиумот и неговото одговорно лице, упатен е и повик за бојкот на огласувачите и нивните производи на ТВ Канал 5, при што се споменува системска организирана антикампања.

„Ваквото однесување е апсолутно неприфатливо, особено станува збор за политичари и јавни личности кои треба да покажат највисоко ниво на почитување на новинарската професија и на медиумите. Политичарите и носителите на јавни функции мора да свесни за тежината на искажаните зборови и одговорноста што ја имаат пред граѓаните. Непримерната комуникација негативно се одразува на слободата на изразување, пред се во чувствителни периоди како предизборните и го нарушува достоинството на медиумските работници“, велат од АВМУ.

Од Здружението на новинари потсетуваат дека доколку било кој политичар или граѓанин, е незадоволен од конкретна новинарска или пак медиумска содржина, на располагање ги има медиумско само-регулативните механизми, и тоа: Советот на чест при ЗНМ и Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ).

Дополнително, новоформираното Координативното тело за пријавување и постапување по претставки за време на избори или референдум, може да постапува во врска со евентуални прекршувања на Кодексот од страна на политичките партии, нивните кандидати, независните кандидати, интернет изданијата на радиодифузерите, онлајн медиумите, проверувачите на факти, инфлуенсерите и другите субјекти кои можат да извршат влијание врз јавноста во функција на кампања за време на избори или референдуми.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Постигнат цензусот за претседателските избори

Излезноста во вториот круг на претседателските избори до 17 часот е 42,32 отсто, изјави претседателот на Државната изборна комисија (ДИК), Александар Даштевски. Процентот на излезност до 17 часот, како што...