fbpx

По одлуката за повисоки плати на УКИМ и професорите на останатите јавни универзитети бараат повисоки плати

Вработените на најстариот државен универзитет во Северна Македонија „Свети Кирил и Методиј“ во Скопје, од февруари ќе земаат повисоки плати за околу 22 отсто, а ретроактивно ќе им биде исплатена и разликата за месец јануари

-

Вработените во Универзитетот во Тетово денеска излегоа на протест поради непотпишувањето на Колективниот договор од страна на Собранието за зголемување на платите како на Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“. Синдикатот на универзитетот побара потпишување на колективниот договор пред распуштање на парламентот. Протестираа и професорите пратеници од ДУИ кои се дел од Владата и мнозинството во Собранието, пишува Порталб.мк.

Претседателот на Синдикатот, Шефкет Дехари, истакна дека со непотпишувањето на Колективниот договор за пресметката на платите според овој договор синдикатите се обединети и го делат истото мислење дека другите пет јавни универзитети се игнорирани и дискриминирани од Собранието и Владата на РСМ.

„Овие институции применуваат двојни стандарди, дискриминација и нееднаквост со другите пет јавни универзитети во земјава, бидејќи во РСМ важи истиот закон за високо образование за сите универзитети, па затоа и приходите на вработените мора да бидат еквивалентни“, рече Дехари.

Тие побараа потпишувањето на Колективниот договор да се направи пред распуштање на Собранието и Владата да го спроведе Колективниот договор со пресметување на приходите на вработените според коефициентите предвидени во него.

Дехари информираше дека за време на протестот добиле информација од пратеничката група на ДУИ, СДСМ и Алијансата за Албанците.

„Барањето за измени во високото образование го поднеле со забрзана постапка. Се надеваме дека овој закон ќе биде усвоен пред распуштање на Собранието, ако овој закон се усвои пред распуштање на Собранието тогаш сме во ред“, рече Дехари.

Денеска протестираа и синдикатите на другите јавни универзитети во земјава: „Гоце Делчев“ – Штип, Универзитет во Тетово, „Свети Климент Охридски“ – Битола, „Мајка Тереза“ – Скопје, „Свети Апостол Павле“ – Охрид.

Синдикатите предупредија дека со протести ќе продолжат се додека не се најде решение.

Во меѓувреме, на протестот во Тетово учествуваа и тројцата професори пратеници на ДУИ кои се дел од мнозинството во Собранието и Владата, Арбер Адеми, Фиснике Бектеши Шаќири и Арта Биљали Зендели.

Адеми рече тие дека работат на овој универзитет и се солидаризираат со ваков протест, но и дека ќе понудат решенија.

„Исто така, ние утрово поднесовме предлог-закон за дополнување на законот за високо образование, со кој ќе имаме унифицирање на платите на национално ниво на сите јавни универзитети“, рече Адеми.

Тој рече дека законска пречка е тоа што врз основа на Изборниот законик, претседателот на Собранието и да сака, по распишувањето на изборите нема да може да склучи колективен договор.

„Се надевам дека најдоцна утре, задутре ќе имаме посебна седница на која ќе продолжиме со предлог законот“, рече Адеми, кој нагласи дека се очекува ова прашање законски да се реши.

Во врска со протестот реагираше и Коалицијата ВРЕДИ (ВЛЕН – Алијанса за Албанците – крило на Таравари, Движењето Беса, Алтернатива и Демократското Движење), од каде велат дека ДУИ со својата деструктивна и антиалбанска политика ја извадила албанската интелектуална елита на улица, во обид да ги потчини и понижува.

„Денеска професорите на албанските универзитети излегоа на протест бидејќи се почувствуваа понижени наспроти професорите на Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ и од раката на ДУИ, техничкиот премиер Талат Џафери и Јетон Шаќири. ДУИ им ги зголеми платите на македонските професори, но не го стори тоа за професорите Албанци. И сега кога излегоа на протест, се обидуваат да го прикријат ова понижување на албанските интелектуалци со различни оправдувања и наводно со решавање на ова прашање“, изјавија од Коалицијата ВРЕДИ.

На 28 февруари 2024 година, Владата го одобри потпишувањето на Колективниот договор на Синдикатот на вработените на Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ во Скопје.

Вработените на најстариот државен универзитет во Северна Македонија „Свети Кирил и Методиј“ во Скопје, од февруари ќе земаат повисоки плати за околу 22 отсто, а ретроактивно ќе им биде исплатена и разликата за месец јануари.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Правиме букви“ – утре детска работилница за фонтови во „Бруталиск“

Утре, в недела во 11 часот во КЦ Бруталиск се одржува бесплатна работилница за писма, фонтови и типографија за деца над шест годишна возраст. Под менторство на Небојша Гелевски...