fbpx

НСЗР најавува штрајк доколку нема линеарно зголемување на платите

Независниот синдикат при КСОМ најави протести за време на паузите, затворање на болниците и поликлиниките од 11 до 14 часот и генерален штрајк во здравството доколку во април паралелно со зголемената минимална плата за околу 2.300 денари линеарно не се покачат и платите на сите вработени во јавното здравство.

-

Правилно и законски да се исплати платата, согласно Законот за минимална плата, побара Независниот синдикат на здравствени работници на денешната прес-конференција.

Независниот синдикат при КСОМ најави протести за време на паузите, затворање на болниците и поликлиниките од 11 до 14 часот и генерален штрајк во здравството доколку во април паралелно со зголемената минимална плата за околу 2.300 денари линеарно не се покачат и платите на сите вработени во јавното здравство.

„Да не се игра со чувствата на вработените во здравството, уште еднаш да не бидеме изманипулирани, бараме правилно и законски да се исплати платата согласно со законот за минимална плата. Ова наше барање е основано и во согласност со законот за минимална плата“ изјави Боби Бојчевски, национален координатор на Независниот синдикат за здравство при КСОМ.

Освен покачување на платите, синдикалците бараат и решавање на статусот на вработените со договори на дело.

Синдикалците велат дека овој проблем е присутен подолго време и има вработени кои работат и по 13 години без регулиран професионален статус

 

 

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

(РЕПОРТАЖА) Надежите на СДСМ испарија во сауната на ВМРО-ДПМНЕ

„Овде е стравотно топло, како во сауна е“, рече професорката Гордана Сиљановска-Давкова на прес-конференцијата во централниот штаб на ВМРО-ДПМНЕ, барајќи марамче да се избрише, пред да ја прогласи победата...