fbpx

Претседателот Пендаровски не го потпиша Указот за Законот за игрите на среќа

Сега Собранието треба одново да го започне законодавниот процес, но во редовна процедура

-

Претседателот Стево Пендаровски одлучи да не го потпише Указот за прогласување на Законот за изменување и дополнување на Законот за игрите на среќа и за забавните игри, што Собранието на Република Северна Македонија го донесе на седницата одржана на 7 февруари 2024 година, соопшти претседателскиот кабинет. Причината е донесувањето на законот „со европско знаменце“, а претседателот го повикува Собранието одново да почне законодавна постапка, но во редовна процедура.

„Одлуката е донесена врз основа на детална анализа на текстот на Законот и на постапката во која што овој Закон е донесен, како и по спроведени консултации со Делегацијата на Европската Унија во Република Северна Македонија, како наш најважен партнер во земјата во процесот на преговори“, се вели во сооопштението.

Како главна причина за потегот на Пендаровски да не го потпише Указот е наведено тоа дека измените се донесени несоодветно, односно „со европско знаменце.

„Претседателот Пендаровски смета дека измените и дополнувањата на законот се донесени преку несоодветна употреба на забрзаната процедура за усогласување на нашето законодавство со правото на Европската Унија, популарно позната како „процедура со европско знаменце“, во ситуација на отсуство на суштинско „аки“ (задолжително право на ЕУ) во областите што ги опфаќа овој Закон и фактот дека Законот не наведува дури ни лимитирано „ЕУ аки“ што може да биде релевантно“, соопштува претседателскиот кабинет.

Сега Собранието треба одново да го започне законодавниот процес, но во редовна процедура. Во соопштението се вели дека претседателот е свесен за можното штетно влијание на игрите на среќа и забавните игри врз младите, па затоа треба да се изврши законска регулација на овој сектор, но во нормална процедура и со широка дебата со сите засегнати страни, „онака како што ѝ доликува на една зрела парламентарна демократија“.

Организаторите на игрите на среќа реагираа и пред и по донесувањето на измените на законот дека новите рестриктивни мерки ќе остават околу 10.000 вработени на улица.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Оставки во СДСМ по изборниот пораз, калкулации во ВМРО-ДПМНЕ за коалиции во идната влада

Потпретседателите на СДСМ Перо Костадинов и Фатмир Битиќи вчера вечерта, по објавувањето на прелиминарните резултати од парламентарните избори поднесоа оставка од партиските функции, а Битиќи побара тоа да го...