недела, 8 февруари, 2026
Meta.mk

Ознака: игри на среќа | 15 резултати

Законот за игри на среќа не го помина собранискиот филтер

14 март 2024

Законот за игри на среќа со кој требаше казината да се оддалечат на 500 метри од училиштата, вчера не помина во Собранието. За негово усвојување требаше поддршка од 61 пратеник, а во случајов недостигале 10 гласови. „Имајќи ја предвид Одлуката од Уставниот суд У.бр. 115/2019 од 14.05.2020 година, според која за да биде усвоен Законот […]

Претседателот Пендаровски не го потпиша Указот за Законот за игрите на среќа

13 февруари 2024

Претседателот Стево Пендаровски одлучи да не го потпише Указот за прогласување на Законот за изменување и дополнување на Законот за игрите на среќа и за забавните игри, што Собранието на Република Северна Македонија го донесе на седницата одржана на 7 февруари 2024 година, соопшти претседателскиот кабинет. Причината е донесувањето на законот „со европско знаменце“, а […]

Казина и обложувалници на најмалку 500 метри од училиштата – усвоен законот за игри на среќа

7 февруари 2024

Собранието денеска ги усвои измените на Законот за игрите на среќа и за забавните игри, предложен од Владата со европско знаменце во кои, меѓу другото, се предвидува објектите за игри на среќа да бидат оддалечени не помалку од 500 метри од основните и средните училишта. Опозицијата побара точката да се тргне од дневен ред на […]

Анти-коцкање: Објектите на игрите на среќа треба да се затворат, исто како во Албанија и во Косово

11 февруари 2023

Движењето Анти-коцкање реагираше по изразеното незадоволство од Асоцијацијата на работниците на игрите на среќа на Северна Македонија, во врска со последните предлог измени на законот за игри на среќа. Од ова движење велат дека за прв пат во седум години се на иста линија со Асоцијацијата на обложувалници, но како што велат, на спротивни правци. […]

Петта година се зборува за оддалечување на казината и обложувалниците од училиштата, но не се презема ништо

31 декември 2022

Веќе петта година по ред се зборува за ограничување на отворањето на казина и обложувалници во близина на школите во земјава, но засега ништо не е преземено во оваа насока. Покрај ваквата мерка предложена од Министерството за финансии на почетокот од 2018 година, и партијата Алијанса за Албанците пролетва поднесе свој предлог-закон со кој предложи […]

Вработен во обложувалница во Лисиче осомничен за „затајување“ на 4.800 евра од работното место

20 април 2021

Вработен во спортска обложувалница во скопската населба Лисиче е осомничен дека затаил околу 4.800 евра на работното место од апарати за игри на среќа, информираат од Министерството за внатрешни работи. Необичниот настан пријавен во денешниот билтен на МВР говори дека 23-годишниот вработен во негова смена најпрво го извадил прометот од апаратите на игри на среќа, […]

Со законски измени игрите на среќа ќе се оддалечат на 500 метри од училиштата и факултетите

24 јануари 2021

Министерство за финансии подготвува измени на Законот за игрите на среќа и за забавните игри кои предвидуваат просториите во кои се приредуваат игри на среќа да бидат оддалечени на половина километар од училиштата и факултетите. Во најавата за законските измени, објавена на Единствениот национален електронски регистар на прописи (ЕНЕР), се вели дека со постојниот закон […]

Обложувалниците и автомат клубовите „никнуваат“ како печурки

23 октомври 2020

Драстичен пораст на бројот на обложувалници и автомат клубови има во периодот 2016-2019 година. Според податоците од новиот извештај на Државниот завод за ревизија за усогласеност на Основниот буџет на Република Северна Македонија бројот на автомат клубови пораснал од 131 во 2016 година на 257 во 2019 година, а бројот на обложувалници во истиот период […]

Тетовци протестираа против објектите за игри на среќа во градот

21 декември 2018

Со пароли „Стоп за коцкањето“, на градскиот плоштад во Тетово се собраа група граѓани, како и претставниците на локалната власт, верските заедници и организаторите на протестот – „Движење против казината“. Заедно го изразија револтот од многубројните објекти за игри на среќа во градот. Велат, младите на тој начин си ги уништуваат животите. Како претставник на […]

#Одговорност е да се оддалечат коцкарниците од училиштата и од населените места

9 ноември 2016

Сведоци сме на големото распространување на објектите за игри на среќа, при што во последно време тие може да се забележат на секое ќоше во земјава, почнувајќи од обложувалниците, па сè до казината. Овие објекти, освен што го осиромашуваат народот, особено се опасни за малолетните деца бидејќи создаваат зависност. Во приницип, игрите на среќа се […]

Ограбено казино во центарот на Скопје

29 ноември 2015

Непознато лице, маскирано и вооружено со пиштол, вчеравечер извршило разбојништво во автомат-клуб за игри на среќа во населбата Дебар-маало во центарот на Скопје. Според полицијата, разбојникот побегнал од казиното со плен од околу 51.000 денари. Како што информираат оттаму, разбојништвото се случило околу 19.30 часот во автомат-клуб на улицата Наум Наумовски Борче. Разбојникот, откако ѝ се […]

Страна 1 од 1