fbpx

Обложувалниците и автомат клубовите „никнуваат“ како печурки

-

Драстичен пораст на бројот на обложувалници и автомат клубови има во периодот 2016-2019 година. Според податоците од новиот извештај на Државниот завод за ревизија за усогласеност на Основниот буџет на Република Северна Македонија бројот на автомат клубови пораснал од 131 во 2016 година на 257 во 2019 година, а бројот на обложувалници во истиот период се зголемил од 535 на 775.

Ревизорите откриваат дека во 2019 година по сите основи на приредување на игри на среќа и забавни игри наплатени се јавни давачки во износ од 3,8 милијарди денари (62,5 милиони евра), што претставува 2,4 отсто од Основниот буџет.

„Со извршената ревизија констатиравме дека во периодот од 2016 до 2019 година постои тренд на зголемување на наплата на јавните давачки по основ на игри на среќа и забавните игри. Значајно е да се истакне дека и приливот на средства по основ на надомест за лиценци од игри на среќа, во Буџетот за 2019 година е остварен во износ од 134,6 милиони денари (2,1 милиони евра), а во 2018 година 55,5 милиони денари (904.447 евра), што е повеќе за 59 отсто како резултат на зголемениот број на издадени лиценци во 2019 година“, се вели во извештајот.

Во него се додава дека приредувачите на игри на среќа и забавните игри располагаат со Надзорно информациски систем (НИЗ) со кој од страна на УЈП онлајн се следи работењето.

„Констатиравме дека постои недостаток на човечки ресурси од ИТ струка потребни за надзор и контрола над спроведувањето на работните процеси поврзани со НИС системот како и континуирано следење и потврдување на валидноста на податоците кои се добиваат, поради што во 2019 година извршени се само 2 инспекциски контроли на НИС системот. Исто така не е донесен интерен акт за начинот на контрола на игрите на среќа и забавните игри со што би се зголемила ефикасноста и би се пропишал воедначен пристап при контрола на приредувачите на игри на среќа“, велат од ДЗР.

Оттаму додаваат дека наведените состојби укажуваат дека сè уште не се во целост покриени ризиците во делот на надзорот и контролата кои ги врши УЈП, што може да влијае на целосноста и точноста на уплатените средствата во Буџетот по овој основ.

Од ДЗР потенцираат дека на пазарот има нелојална конкуренција од странство.

„Истакнуваме дека странските интернет страни кои нудат услуги за приредување на интернет игри на среќа и кои се достапни на граѓаните на РСМ, не се регистрирани како субјекти кои извршуваат дејност на територијата на РСМ и за остварените добивки не се плаќаат никакви давачки, со што се создава нелојална конкуренција на домашните приредувачи на игри на среќа и забавните игри, иако со член 19 од Законот за игрите на среќа и за забавните игри е забрането учеството во странски игри на среќа. За оваа состојба во 2018 година УЈП го има известено Министерството за финансии со цел преземање на активности за промена на законската регулатива, по која до периодот на вршење на ревизијата се уште не е постапено“, пишува во извештајот.

Ревизорите препорачуваат УЈП во соработка со Министерството за финансии да преземат мерки и активности за преиспитување на можноста за зајакнување на човечките ресурси за контролата и надзорот на НИС системот и за изработка на интерен акт за начинот на контрола на игрите на среќа и забавните игри.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...