fbpx

Анти-коцкање: Објектите на игрите на среќа треба да се затворат, исто како во Албанија и во Косово

-

Движењето Анти-коцкање реагираше по изразеното незадоволство од Асоцијацијата на работниците на игрите на среќа на Северна Македонија, во врска со последните предлог измени на законот за игри на среќа. Од ова движење велат дека за прв пат во седум години се на иста линија со Асоцијацијата на обложувалници, но како што велат, на спротивни правци. Тие бараат затворање на овие објекти, пишува Порталб.мк.

Движењето Анти-коцкање позитивно ја оценува одлуката на Владата на РСМ за објектите во кои се организираат игрите на среќа да бидат на растојание не помало од 500 метри од основните и средните училишта.

„Да се потсетиме дека барањето на движењето Анти-коцкање, произлезено од народниот протест, е непроменето: дислокација на 3 км далечина од населените места, а од убиството на двајцата млади во Визбегово бараме тотално затворање, како што е случајот во Албанија и Косово, до донесување на еден закон што го штити граѓанинот, кој и така е изморен од економската состојба. Прашуваме, каде се градинките, јавните институции, како ќе се заштитат центрите на градовите, дали до верските објекти и другите институции ќе се дозволат други објекти за коцкање, бараме со овој закон да се опфатат и овие институции од јавен интерес“, рече Јуши Емерлаху.

За разлика од движењето Анти-коцкање, незадоволство од оваа одлука на Владата изрази Асоцијацијата на вработените во игрите на среќа, според кои Владата со оваа одлука ќе ги остави без работа десет илјади вработени, додека според нив, ќе се зголеми оранизирањето на игри на среќа на црно, а буџетот на државата ќе се осиромаши за 280 милиони евра годишно.

Од Анти-коцкање велат дека за прв пат по седум години се на иста линија со Асоцијацијата на обложувалниците, меѓутоа во спротивни правци.

„И тие не се согласуваат и ние не се согласуваме. Меѓутоа, можеме да кажеме само нешто, бараме затворање како во Албанија и Косово, таму многу лесно се реши проблемот на вработените во тие објекти на игрите на среќа“, вели Џемал Абдиу.

„Владата пред два дена го потврди Предлог-Законот за изменување и дополнување на Законот за игрите на среќа и забавните игри предложен од страна на Министерството за финансии, каде што се предвидува деловните простории, односно местата за уплата и исплата во кои се организираат игрите на среќа, да бидат на растојание не помало од 500 метри од основните и средните училишта.

Меѓу целите на предложените измени, од Владата ја потенцираа потребата за зајакнување на потребните докази за издавање на лиценците, како и истакнување на тоа дека едно трговско друштво со една лиценца организира еден вид игри на среќа. Со предлог-законот се зголемуваат и давачките за издавање лиценци за игрите на среќа.

Останува пратениците да одлучат дали и какви рестриктивни мерки ќе донесат за организаторите на игрите на среќа, имајќи го во предвид фактот дека предложени се два различни текстови за измени и дополнувања на актуелниот закон.

Пратениците треба да одлучат и за рестриктивната мерка во врска со бројот на локации на кои казината и обложувалниците во Северна Македонија ќе функционираат без проблеми.

Изминативе години неколку пати по градовите се одржани протести против отварање на казина и обложувалници, со посебен акцент на Тетово, од страна на движењето Анти-коцкање кои минатиот декември најавија организирање на локален референдум за отстранување на објектите на игрите на среќа од населените места, за што добија поддршка и од Општина Тетово.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...