Фото: Steve Sawusch on Unsplash

Вработен во спортска обложувалница во скопската населба Лисиче е осомничен дека затаил околу 4.800 евра на работното место од апарати за игри на среќа, информираат од Министерството за внатрешни работи. Необичниот настан пријавен во денешниот билтен на МВР говори дека 23-годишниот вработен во негова смена најпрво го извадил прометот од апаратите на игри на среќа, а откако ги вложил во апаратите и не остварил добивка, повторно ги одзел парите од истите апарати.

„СВР Скопје поднесе кривична пријава против А.С.(23) од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „затајување“. Пријавениот, како вработен во спортска обложувалница во населба Лисиче во Скопје, за време на неговата смена, со клучевите кои му биле доверени ги отклучил касите од трите ВЛТ апарати на игри на среќа и од нив ги извадил паричните средства и ги вложил во апаратите. Откако немал никаква добивка, пријавениот ги отворил апаратите и одзел 297.320 денари“, информираат од МВР.