fbpx

(АНАЛИЗА) Годишно ќе доспеваат долгови и по 1 милијарда евра – се размислува за предвремена отплата

Нови еврообврзници, заеми од меѓународни финансиски институции, задолжувања на домашен пазар, издавање на нови граѓански и зелени обврзници – сите опции се на маса како извори за финансирање на буџетскиот „минус“, пишува Порталб.мк

-

Нови еврообврзници, заеми од меѓународни финансиски институции, задолжувања на домашен пазар, издавање на нови граѓански и зелени обврзници – сите опции се на маса како извори за финансирање на буџетскиот „минус“, пишува Порталб.мк.

Во новата ревидирана Фискална стратегија 2023 -2028 година, усвоена во пакет со новиот Буџет 2024 се посочува и на можноста од предвремена отплата на дел од долговите кои веќе во 2025 година ќе надминат 1 милијарда евра.

Повисок економски раст, повисоки плати, пониска инфлација 

Оптимистичкото економско сценарио на Владата во новата Фискална стратегија – растот на БДП ќе биде над 3%, ќе се зголемуваат вработеноста и инвестициите а ќе се намалуваат невработеноста и инфлацијата. Конкретно растот на БДП годинава е позициониран на 3,4% но догодина се очекува да надмине 4% а во 2026 та дури и повисок од 5%.

Оптимистички се прогнозите за инфлацијата која не само што се очекува да биде едноцифрена туку и да се спушти под 3%. Годинава и во наредените се очекува натамошен раст на нето-платата – во 2024 та за 8,4% а потоа се очекува забавување на номиналниот пораст на нето платата. Годинава веќе во март се очекува нова корекција на минималната плата која повторно ќе ја активира спиралата за зголемување и на останатите плати. Во споредба со првичната Фискална стратегија за истиот анализиран период, во ревидираната, проекциите за раст на БДП во 2024 та се намалени, инфлацијата и порастот на нето-платата се зголемени.

Годинава за отплата над 700 милиони евра

„Етапна фискална консолидација“ – се наведува во новата Фискална стратегија. Владата прогнозира етапно намалување на буџетскиот минус, прогноза која и изминатите години беше зацртана како таргет, но неостварена поради енергетската а потоа и економско-инфлациската криза.

„На среден рок, со фискалната политика се предвидува етапна фискална консолидација, при што со новите фискални проекции годишното ниво на буџетскиот дефицит е конзистентно со проекциите во претходната Фискална стратегија. Притоа, буџетскиот дефицит како процентуално учество во БДП се намалува на 4,8% во 2023 година 3,4% во 2024 година, 3,0% во 2025 година, 3,0% во 2026 година, 2,8% во 2027 година и 2,5% во 2028 година“, наведува Министерството за финансии.

Буџетскиот дефицит ќе се финансира со заеми од странство и од дома а Владата ја разгледува и можноста за предвремена отплата на дел од долгот – обврските за отплата догодина ќе надминат 1 милијарда евра.

„Со цел оптимизација на исплатите и намалување на ризикот од рефинансирање, Министерството за финансии ќе продолжи да издава државни обврзници со подолги рочности и различни типови обврзници (на пример, граѓански обврзници, проектни обврзници и др.), при што ќе се намали ризикот од рефинансирање на долгот. Со цел ефикасно управување со јавниот долг, Министерството за финансии на среден рок ќе ја следи и можноста за евентуална предвремена отплата на дел од долгот, односно постигнување поповолна рочна, валутна и каматна структура на долгот.“ – се наведува во Фискалната стратегија.

Вкупниот јавен долг на крајот од септември, лани, изнесувал 55,3% а според поставениот таргет, државниот долг не смее да надмине 60% од БДП. Јавниот долг според процените годинава ќе изнесува 63,2%.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

До 13 часот за претседател гласале 23.95 отсто а за пратеници 25.84 отсто од гласачите

До 13 часот на Претседателските избори гласале 302.158 граѓани, односно 23.95 отсто од гласачите, додека, пак, на Парламентарните избори гласале 312.070 граѓани, или 25.84 отсто. Според податоците од Државната изборна...