fbpx

Српскиот генералштаб со предлог до Вучиќ за воведување задолжителен воен рок

Можноста за воведување на задолжителен воен рок неодамна ја најави и српскиот министер за одбрана во техничкиот мандат Милош Вучевиќ

-

Генералштабот на српските вооружени сили му достави предлог на претседателот Александар Вучиќ за повторно воведување на задолжителниот воен рок во Србија во траење од четири месеци, пренесува весникот Данас. 

Оваа информација денеска ја соопшти српското Министерство за одбрана, а ваквиот чекор би бил „со цел да се подигне одбранбената способност на српската војска преку подмладување и унапредување на пополнетоста и обученоста на активниот и резервниот состав“.

Како што се наведува во соопштението, предлогот на српскиот генералштаб доаѓа по деталното разгледување на општата безбедносна состојба и современите предизвици со кои се соочува Србија како воено неутрална земја, кои „наметнале потреба за прилагодување на моделот за пополнување на војската, а кој би овозможил јакнење на вкупниот регрутен потенцијал и оспособување на поголемиот дел од граѓаните за одбрана на земјата“.

Можноста за воведување на задолжителен воен рок неодамна ја најави и српскиот министер за одбрана во техничкиот мандат Милош Вучевиќ.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Бројот на жртви во поплавите во Бразил се искачи на 107

Бројот на загинати во силните поплави што го зафатија јужниот дел на Бразил се искачи на 107, соопшти вчера цивилната одбрана, пренесува „Ројтерс“. Спасувачките операции продолжиле, а властите почнале...