fbpx

Европа и заштитата на климата – најважни прашања за Германците за 2024 година

Младите ја наведуваат заштитата на климата како приоритет повеќе од оние кои имаат над 30 години. Борбата против климатските промени е поважен приоритет за граѓаните со формално високо образование, отколку за оние со средно или пониско образование, покажало истражувањето

-

Зајакнувањето на единството на Европа за повеќе од половина (52 отсто) од германските граѓани е најважното надворешнополитичко прашање за следната година.

Следно, со 35 отсто гласови е подобрувањето на глобалната заштита на климата, покажува анкетата на институтот Форса за списанието „Интернешнл Политик“ (Internationale Politik), пренесува германската новинска агенција ДПА.

Со тесна разлика, 32 отсто од испитаниците го навеле ограничувањето на влијанието на авторитарните држави како Русија и Кина. Тоа е за 10 отсто повеќе од пред две години.

Градењето односи со земјите на југ, кои 15 отсто од испитаниците го ставаат на прво место, и проширувањето на поддршката за Украина, што е приоритет за 14 отсто, според одговорите, се помалку важни прашања, исто како и решавањето на конфликтот на Блискиот Исток, кое е најважно за 14 проценти од испитаниците.

Разликите во одговорите во Источна и Западна Германија се мали. Жителите на поранешна Источна Германија со четири отсто помалку од Западот (15 отсто) сметаат дека посилната поддршка за Украина е приоритет на надворешната политика.

За жените, заштитата на климата е почесто особено важна задача на германската надворешна политика во 2024 година отколку за мажите.

Младите, исто така, ја наведуваат заштитата на климата како приоритет повеќе од оние кои се постари од 30 години. Борбата против климатските промени е поважен приоритет за граѓаните со формално високо образование, отколку за оние со средно или пониско образование, покажало истражувањето.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Постигнат цензусот за претседателските избори

Излезноста во вториот круг на претседателските избори до 17 часот е 42,32 отсто, изјави претседателот на Државната изборна комисија (ДИК), Александар Даштевски. Процентот на излезност до 17 часот, како што...