fbpx

Од 1 јануари, струјата за прв блок поевтинува, за трет и четврт поскапува

Цената на струјата од 1 јануари се намалува за прв блок за 5,16 отсто, за втор блок и евтина остануваат исти, за трет блок се зголемува за 2,88 отсто, а за четврт за 1,86 проценти

-

Со новиот концепт пристап кон мрежа, се направи фер распределба на трошокот за мрежа меѓу редовните корисници и оние потрошувачи кои повремено ги користат објектите, изјави денес претседателот на Регулаторната комисија за енергетика, Марко Бислимоски.

Со примена на овој модел, рече Бислимоски, мрежарината се намалува за скоро 23 отсто.

Цената на струјата од 1 јануари се намалува за прв блок за 5,16 отсто, за втор блок и евтина остануваат исти, за трет блок се зголемува за 2,88 отсто, а за четврт за 1,86 проценти.

„Водејќи се од интересот на граѓаните, а имајќи го предвид уставното начело со кое државата се дефинира како социјална, а со цел заштита на ранливите категории Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија и со оваа одлука рефлектира решенија кои ќе го заштити стандардот на граѓаните“, рече Бислимоски на денешната прес-конференција.

Доколку не се воведеше надоместок за пристап кон мрежа, рече тој, цената на прв блок ќе се зголемеше за 3,4 отсто, втор блок за 8,62 отсто, трет блок за 9,46 проценти, четврт блок за 4,92 отсто и евтината тарифа за 15,42 отсто.

„Пониските цени за електрична енергија се резултат на конзистентна енергетска политика и реформскиот пристап на РКЕ преку воведување на блок тарифи, како и Елдорарото на инвестициите во обновливи извори со кои во државата се обезбеди нова енергија со што за само две години се зголеми инсталираниот капаците за 25%, а увозната зависност се намали за една третина со што се отвори простор за нов интервал на дневна евтина струја за домаќинствата“, изјави Бислимоски.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Кампања за вдомување кучиња – „ајде да ја испразниме Лајка“

Миа, Нестор, Росалита, Симба, Венко, Бетси, Чип, Чендлер, се само дел од 40-те кучиња кои веќе подолг период се наоѓаат во ЈП „Лајка“. Претпријатието започна кампања со цел да...