fbpx

Бочварски бара контролорите на летање да се воздржат од штрајк

Контролорите на летање реагираат на, како што велат, непрофесионално однесување од директорите во однос на вработувањата и внатрешните прераспоредувања, како и за несоодветните услови за работа и опрема во компанијата

-

Министерот за транспорт и врски Благој Бочварски побара контролорите на М-НАВ да се воздржат од одлуката за штрајк за Нова година. Тој денеска изјави дека се состанал со претставници на Синдикатот на МНАВ и кажа дека се прават напори за надминување на овој проблем. Бочварски верува дека во интерес на граѓаните, контролорите ќе овозможат летови за Нова година.

„Ние на минатата средба во октомври, со претставниците на Синдикатот, имавме четири прашања кои беа отворени. На сите прашања се работи, остана уште едно на кое вчера дискутиравме. Правиме се, правиме напори. Убеден сум дека контролорите од таа најава ќе отстапат, тие ќе имаат свој состанок. Интересот на граѓаните и на државата е најважен“, рече тој.

Најавата на Синдикатот на МНАВ за штрајк за Нова година доаѓа поради најавените вработувања во компанијата за воздухопловна навигација. Оттаму велат дека засега е на сила одлуката за штрајк, но дека утре ќе излезат со повеќе информации и детали. Инаку и директорот на МНАВ, Фахрудин Хамиди, истакна дека се надева дека нема да се реализира штрајкот на контролорите на летање, во траење од 31 декември до втори јануари.

Контролорите на летање реагираат на, како што велат, непрофесионално однесување од директорите во однос на вработувањата и внатрешните прераспоредувања, како и за несоодветните услови за работа и опрема во компанијата.

 

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Постигнат цензусот за претседателските избори

Излезноста во вториот круг на претседателските избори до 17 часот е 42,32 отсто, изјави претседателот на Државната изборна комисија (ДИК), Александар Даштевски. Процентот на излезност до 17 часот, како што...