fbpx

Фотовест: На снег и на чист воздух на Водно

На Водно работи и жичарницата, која посетителите ја користат за да стасаат до врвот Крстовар и да уживаат во убавото време

-

Десетици граѓани денеска го искористија убавото време за да се прошетаат на првиот снег и да дишат чист воздух на најблиската планина до главниот град, Водно.

Фото: Мета.мк

На средно Водно има околу 10 сантиметри снег, а кон врвот снежната покривка е поголема.

Денеска на Водно падна првиот снег. Фото: Мета.мк

На Водно работи и жичарницата, која посетителите ја користат за да стасаат до врвот Крстовар и да уживаат во убавото време.

Инаку, поради снежните наноси од синоќа, откако снемало електрична енергија во жичарницата, неколкумина граѓани биле заглавени во една од гондолите, но подоцна, со интервенција на службеници во Министерството за внатрешни работи, тие биле безбедно пренесени до долу.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Постигнат цензусот за претседателските избори

Излезноста во вториот круг на претседателските избори до 17 часот е 42,32 отсто, изјави претседателот на Државната изборна комисија (ДИК), Александар Даштевски. Процентот на излезност до 17 часот, како што...