fbpx

Програмерите најплатени, платите во снабдување со струја и гас и фармацевтската индустрија многу над просекот

Во секторот Преработувачка индустрија најдобро котира одделот Производство на основни фармацевтски производи и фармацевтски препарати, со просечна плата од 59.772 денари во септември годинава

-

Највисока просечна нетo плата исплатена во септември годинава била во одделот „Компјутерско програмирање, консултантски и сродни дејности и изнесувала 92.568 денари, покажуваат податоците од Државниот завод за статистика. Тоа ја прави и целата просечна нето плата во Секторот „Информации и комуникации“, каде се наоѓаат програмерите, највисоката нето плата од сите сектори.

Во секторот Преработувачка индустрија најдобро котира одделот Производство на основни фармацевтски производи и фармацевтски препарати, со просечна плата од 59.772 денари во септември годинава.

Трет е секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и комуникација, каде нема посебни оддели, и просечната плата во септември за вработените во оваа дејност била 52.916 денари.

Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во септември 2023 година, изнесува 37.876 денари.

Инаку, според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во септември 2023 година, во однос на септември 2022 година, изнесува 116,4.

Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација (25,8 %), Јавна управа и одбрана; задолжително социјално осигурување (24,8 %), Снабдување со вода; отстранување на отпадни води, управување со отпад и дејности за санација на околината (20,5 %).

Зголемување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација (11,8 %), Образование (10,9 %), Јавна управа и одбрана; задолжително социјално осигурување (9,1 %).

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

(ИНФОГРАФИК) Првата жена претседател на Северна Македонија има трет најдобар изборен резултат во поновата историја

Гордана Сиљановска Давкова со самиот факт дека е прва жена претседател на Северна Македонија веќе влезе во историјата на државата на пиедестална позиција, пишува Вистиномер. Текстот подолу го пренесуваме во...