fbpx

Протестираат вработените во Канцеларијата на Народниот правобранител, бараат повисоки плати

Протестот ќе продолжи до 27 ноември

-

Вработените во Канцеларијата на Народниот правобранител, во организација на Синдикатот на работниците од управата, правосудните органи и здруженијата на граѓани на РМ (УПОЗ), денеска, пред Канцеларијата одржаа мирен протест, реагирајќи на ниските плати и нивниот статус како административни службеници.

Државниот советник на Народниот правобранител и претседател на синдикалната организација при НП, Марјан Поњавиќ, во изјава за медиумите побара без одлагање да се зголемат платите на вработените во Народниот правобранител, бидејќи како што рече, нивните месечни примања во моментов заостануваат многу зад платите на останатите независни регулаторни тела, како и на вработените во администрацијата воопшто.

Протестот ќе продолжи до 27 ноември.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ЕСМ понуди цена на струјата за 7,5 проценти повисока од претходно

ЕВН Хоме како Универзален снабдувач на електрична енергија, на тендерот за набавка на електрична енергија за задоволување на потребите на корисниците за периодот јануари-јуни 2024 добило само една понуда,...