fbpx

Анализа на ИМА: Каков е третманот на уставните измени во медиумите и на социјалните мрежи?

Авторот Петрит Сарачини во анализата заклучува дека преовладува впечатокот оти јавната дебата за уставните измени е можне поларизана, а во тоа придонесуваат и дел од медиумите

-

Во најновата анализа на Институтот за медиуми и аналитика (ИМА) со наслов „Уставните измени во медиумите и на социјалните мрежи: Силна поларизација и омраза, слаба онлајн модерација, малку истражувања и претставки до саморегулаторните тела“ се истражува третманот на уставните измени во медиумите и на социјалните мрежи во земјава.

Авторот Петрит Сарачини во анализата заклучува дека преовладува впечатокот оти јавната дебата за уставните измени е мошне поларизана, а во тоа придонесуваат и дел од медиумите.

Сарачини констатира дека видливо е оти недостасуваат и посеопфатни квантитативни и квалитативни истражувања за известувањето на медиумите за оваа важна тема, која е предмет на врвен интерес на јавноста подолг период.

Авторот посочува на согласноста на експертите оти голем дел од онлајн медиумите не ги почитуваат Насоките за етичко известување, кои упатуваат на одговорност и за содржината на коментарите на читателите.

Во анализата на ИМА во однос на третманот на уставните измени во медиумите и на социјалните мрежи во земјава се вклучени и одговорите на Здружението на новинари на Македонија, Советот за етика на медиумите во Македонија, Институтот РЕСИС и Фондацијата Метаморфозис.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Ковачевски повика на внатрепартиски избори: Денешниот резултат е разочарувачки, на СДСМ му е зададен тежок удар

Денешниот резултат е разочарувачки, на СДСМ му е зададен тежок удар - не само од граѓаните, туку и од симпатизерите и поддржувачите на партијата, истакна вечерва на прес-конференција претседателот...