fbpx

Новинската агенција МИА цел на хакерски напади кои дошле од Кина и од Индија

Драган Антоновски, генерален директор на МИА, за Мета.мк изјави дека нападот се случил доцна синоќа, а пристапот до државната новинска агенција еден час бил комплетно оневозможен

-

Државната агенција МИА во текот на синоќешните и утринските часови била цел на хакерски напади, а ангажираните ИТ експерти лоцирале дека нападите дошле од Индија и од Кина.

Драган Антоновски, генерален директор на МИА, за Мета.мк изјави дека нападот се случил доцна синоќа, а пристапот до државната новинска агенција еден час бил комплетно оневозможен.

„Серверот ни го одржува Неoком, од каде пристапија со сите сериозни ресурси за да утврдат од каде и како дошло до хакерскиот напад. Еден час воопшто немаше пристап, односно агенцијата беше во целосен прекин. Јас не можам да го објаснам стручно овој дел, но во секој случај, по интервенцијата на ИТ експертите, МИА денеска функционира нормално и пристапот до корисниците е овозможен“, вели Антоновски.

Од МИА им се извинуваат на корисниците за повремените прекини.

Ова е еден од низата хакерски напади во последнава година во државни институции. Под хакерски напад беше Фондот за здравствено осигурување, Министерството за земјоделство, Агенцијата за електронски комуникации и други институции. Досега не се дозна кој точно стои зад овие хакерски напади, а изјавите на функционерите од овие институции беа во насока дека не се предизвикани штети по личните податоци на граѓаните.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

(ИНФОГРАФИК) Првата жена претседател на Северна Македонија има трет најдобар изборен резултат во поновата историја

Гордана Сиљановска Давкова со самиот факт дека е прва жена претседател на Северна Македонија веќе влезе во историјата на државата на пиедестална позиција, пишува Вистиномер. Текстот подолу го пренесуваме во...