fbpx

МНР: Двајцата нашинци кои беа во Мароко за време на земјотресот се евакуирани во Мадрид

Cите државјани на Македонија кои во моментот се наоѓаат во Мароко и имаат потреба од конзуларна асистенција, да се јават на дежурниот телефон на Амбасадата во Каиро +20 103 361 5542 и СОС телефонот на Министерството за надворешни работи 075/ 273- 732

-

Министерството за надворешни работи (МНР), во врска со катастрофалниот земјотрес во Мароко, информира дека согласно ангажманот на амбасадата на Република Северна Македонија во Каиро, двајца наши државјани кои се наоѓаа во камп во Маракеш, пристигнати се во Мадрид и се во добра здравствена состојба.

„Се очекува да си заминат во своите домови“, информира МНР.

Во изминативе два дена нема нови пријавени наши државјани во Маракеш.

„Нашето Дипломатско конзуларно претставништва во Каиро продолжува да биде во комуникација со надлежните институции во Мароко, за евентуални други наши државјани во погодените региони“, се додава во соопштението.

Министерството за надворешни работи ги повикува сите државјани на Северна Македонија кои во моментот се наоѓаат во Мароко и имаат потреба од конзуларна асистенција, да се јават на дежурниот телефон на Амбасадата во Каиро +20 103 361 5542 и СОС телефонот на Министерството за надворешни работи 075/ 273- 732.

Мароко го погоди катастрофален земјотрес пред два дена, а смртниот биланс е над 2.000 загинати лица.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.
Број 659 на стрипот „Алан Форд“ нацртан од Вероника Гуити. Фото: Мета.мк.

За прв пат во 55 години, стрипот „Алан Форд“ го црта жена

Со мајскиот, 659-ти број на култниот италијански стрип „Алан Форд“, издавачот и сценарист Макс Бункер ја претстави уметницата Вероника Гуити како нова членка на тимот. Во уредничкиот коментар во 659-тата...