fbpx

ЕСМ чека дозвола од Град Скопје за да ги постави топловодните цевки на мостот „Беласица“

Градот Скопје пред неколку дена делумно го пушти во сообраќај мостот „Беласица“, но и излезе со информација дека тие не се надлежни за санација на местото од мостот каде што треба да се постават топловодните цевки

-

АД ЕСМ е подготвен по добиената дозвола од Градот Скопје да ги постави новите топловодни цевки на мостот „Беласица“ и ќе вложи максимални напори нивната монтажа да се заврши во најкраток можен рок, велат од државната компанија.

„Опожарувањето на мостот не е причина за одложување на стартот на следната грејна сезона, која почнува во октомври 2023, и сите потрошувачи ќе имаат сигурна и непрекината испорака на топлинска енергија. ЕСМ во изминатиот период во целост го заврши отстранувањето на опожарениот топловод на мостот „Беласица“ како и сите подготвителни активности за поставување на нови топловодни цевки кои се веќе пренеси на локацијата“, стои во соопштението од АД ЕСМ.

Градот Скопје пред неколку дена делумно го пушти во сообраќај мостот „Беласица“, но и излезе со информација дека тие не се надлежни за санација на местото од мостот каде што треба да се постават топловодните цевки. Градските власти тврдат дека АД ЕСМ треба да ја изврши санацијата и откако ќе ја завршат работата, градот ќе даде дозвола за поставување на топловодот. Од Град Скопје додаваат дека ова е наведено и во експертскиот извештај кој беше изработен по опожарувањето на мостот.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Тренчевска: Од денес во СДСМ нека настапат oние неизвалканите од претходните функционери

Денес се повлекувам од мојата функција како претседателка на форумот на жени на СДСМ, функција која ја извршував чесно, достоинствено и во служба на граѓаните. Но, од моето делување...