fbpx

Двајца загинати и петмина повредени во рускиот напад на регионот Полтава

Планирана евакуација на 89 деца кои живеат во регион во Донецк

-

Во рускиот ракетен напад врз селото Гогољево во областа Полтава, загинаа две лица, а пет се повредени, соопшти денес шефот на Кабинетот на претседателот на Украина, Андриј Јермак, пренесе Укринформ.

„Четири крстосувачки ракети беа истрелани од непријателска фрегата од Црното Море во близина на Феодосија. Исто така, двe крстисувачки ракети Кс-59 беа истрелани од два авиони Су-34 во правец на Криви Рог од воздушниот простор на окупираната област Херсон“, се вели во соопштението.

Според Павло Кириленко, водач на Регионалната воена управа на Доњецк, 89 деца сè уште живеат во областите на фронтот во регионот на Доњецк. Нивната безбедна евакуација е закажана за наредните недели, со фокус на областите Краматорск и Бахмут и другите населби на линијата на фронтот. Од август 2022 година, во регионот е во тек задолжителна евакуација на децата. Неодамна, во март 2023 година, владата одобри мерка за задолжителна евакуација на овие деца и активно се прават напори за извршување на овој план, како што објави Укринформ, повикувајќи се на Суспилне.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Не бев во бегство, тврди Палевски, откако му беше одреден притвор од 30 дена

„Не сум бил во бество и не смеам да зборувам поради истрагата“, изјави пред новинарите првоосомничениот за убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски, Љупчо Палевски Палчо кога со...