fbpx

Реактор: Собранието што побрзо да го усвои Законот за измена и дополнување на Законот за ДДВ

Оттаму нагласија дека менструалната сиромаштија е феномен што ги засега девојчињата, жените и другите лица кои менструираат на глобално ниво и претставува значајна препрека кон постигнување на родова еднаквост, здравје и добросостојба

-

Независната истражувачка организација Реактор – истражување во акција, чии главни области на работа се родова еднаквост, млади и урбан развој, изрази задоволство за усвоените законски измени на вчерашната владна седница со кои ДДВ-то за менструални производи во иднина треба да се намали на 5 проценти и го повика Собранието што побрзо да го усвои Законот.

„Ја поздравуваме одлуката на Владата на РСМ за утврдување на текстот на Предлогот на закон за измена и дополнување на Законот за данокот на додадена вредност со кои се врши намалување на стапката од 18% на 5%  за прометот со менструални производи со цел поттик за поголема заштита и хигиена. Измените на Законот за ДДВ се во согласност со препораките за унапредување на политиките на Реактор – истражување во акција и Тииииит! Инк. кои произлегуваат од сеопфатната студија од 2021 за пристапот до менструална хигиена во РСМ“, изјавија од Реактор за Мета.мк.

Оттаму нагласија дека менструалната сиромаштија е феномен што ги засега девојчињата, жените и другите лица кои менструираат на глобално ниво и претставува значајна препрека кон постигнување на родова еднаквост, здравје и добросостојба.

„Затоа, го повикуваме Собранието да ја препознае итноста на овој проблем и што побрзо да го усвои Законот за измена и дополнување на Законот за данок на додадена вредност! Тоа е првиот чекор кон прекинување на циклусот на сиромаштија и зајакнување на жените и девојките преку овозможување развој и достигнување на целосниот потенцијал без оглед на нивниот менструален статус и можностите за справување со истиот.

ДДВ за менструалните производи се намалува од 18% на 5%

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.
Број 659 на стрипот „Алан Форд“ нацртан од Вероника Гуити. Фото: Мета.мк.

За прв пат во 55 години, стрипот „Алан Форд“ го црта жена

Со мајскиот, 659-ти број на култниот италијански стрип „Алан Форд“, издавачот и сценарист Макс Бункер ја претстави уметницата Вероника Гуити како нова членка на тимот. Во уредничкиот коментар во 659-тата...