fbpx

Земјотрес утрово почувствуван во Берово

Според податоците со кои засега располага опсерваторијата при ПМФ, земјотресот бил почувствуван од населението во Берово и околината со итнензитет од три степени според Европската макросеизмичка скала

-

Земјотрес од 2,7 степени според Рихтеровата локална магнитуда утрово бил почувствуван во Берово.

Како што соопшти Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија при Природно-математичкиот факултет (ПМФ) во Скопје, земјотресот се случил утрово во 9 часот и 53 минути, а епицентарот бил регистриран на 113 километри југоисточно од Скопје, кој потекнува од епицентралното подрачје Делчево-Берово.

Според податоците со кои засега располага опсерваторијата, земјотресот бил почувствуван од населението во Берово и околината со интензитет од три степени според Европската макросеизмичка скала.

Земјотресот го регистрираше и Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар, кој повеќе информации сподели на Твитер.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

В недела инаугурација на Силјановска Давкова за претседателка

Инаугурацијата на новата претседателка на државата Гордана Силјановска Давкова ќе се одржи во недела во 12 часот. Од Кабинетот на претседателот на Собранието Јован Митрески информираат дека откако ќе пристигне...