НАкС и СОНК: Колективниот договор е најдоброто системско и сеопфатно решение

И по истекот на рокот за кој е потпишан, Колективниот договор не е завршен, односно во сила се сите негови одредби сè до потпишувањето на нов договор, велат синдикатите

-

Покачување на платите на наставниот кадар во просек за 40 отсто и на ненаставниот кадар во просек од 15 до 50 отсто во последната една и пол година, како и континуиран пораст на платите, се дел од најважните права за кои Независниот академски синдикат (НАкС) и Синдикатот за образование, наука и култура (СОНК) рекоа дека се избориле со Колективниот договор.

На вчерашната прес-конференција, НАкС и СОНК рекоа дека по низата дезинформации во јавноста во врска со содржината и важењето на Колективниот договор, чувствувале потреба да ја известат јавноста за правата кои вработените во сите јавни високообразовни и научни установи ги стекнале со потпишувањето на договорот.

Од двата синдиката велат дека со Колективниот договор се избориле и за загарантирана исплата на минат труд од основниот буџет на Министерството за образование и наука (МОН), за утврдување на платите согласно сложеноста на работните места, поставување на праг на оптовареност за наставниот кадар во делот на наставата и проширувања на основата за покренување штрајк, вклучително и заради одбрана на автономијата.

Договорот беше потпишан на 4 мај 2021 година. Од НАкС и СОНК рекоа дека и по истекот на рокот за кој е потпишан, Колективниот договор не е завршен, односно во сила се сите негови одредби сè до потпишувањето на нов договор.

„Меѓу клучните придобивки во Колективниот договор се предвидените механизми за годишно усогласување на платата врз основа на растот на просечната плата, како и непрекинатиот континуитет во примената на сите негови одредби сѐ до потпишување на нов договор“, стои во соопштението на синдикатите.

Од таму велат дека Колективниот договор е најдоброто системско и сеопфатно решение со кое на секторот високо образование и наука му се гарантира неопходната стабилност и транспарентност во работењето.

„Во изминатиов период стана исто така јасно дека е неопходно изнаоѓање на подобри решенија за некои негови аспекти, како што се висината на коефициентите со кои се вреднува сложеноста на работните места, а кои во овој момент сѐ уште се најниски споредено со регионот, покривањето на трошоците за функционален додаток за сите факултети подеднакво, покривањето на трошоците за прекувремена работа. Особено е важно да се изнајдат подинамични решенија со кои основата за исплата на платите на вработените ќе го следи порастот на минималната плата во државата и реалните трошоци за живот“, велат од синдикатите, од каде додаваат дека очекуваат час-поскоро да започнат преговорите со МОН за нов договор.

Запленети компјутери, пари и фалсификувани документи поради сомнеж за хакерски криминал

На 16 мај 2025 година, по судска наредба и претходна истрага, полициски службеници од Секторот за компјутерски криминал при МВР извршија претрес во дом и други простории на Л.К. (21) од...

Ограничувања во сообраќајот во Скопје поради спортскиот настан „Прв до врв“

Министерството за внатрешни работи информира дека поради одржувањето на традиционалниот спортско-рекреативен настан „Прв до врв“ денеска ќе биде воведен посебен сообраќаен режим на дел од улиците во Скопје. Настанот, организиран од Здружението...

„Нема трагедија, има злосторство“, порачаа роднините на жртвите во Кочани

„Нема трагедија, има злосторство“, „Не беа жртви на пожар, беа жртви на системот“, „Затворени очи, отворени гробови“, со вакви транспаренти и со слики од младите жртви во Кочани денеска нивни роднини...

Светиниколец пукал со пушка во деца што собирале цреши од неговиот двор

69 годишен жител на Свети Николе бил лишен од слобода откако пукал во деца кои береле цреши во неговиот двор, соопшти Министерството за внатрешни работи (МВР). „Вчера во 14 часот во Свети...

Запленети компјутери, пари и фалсификувани документи поради сомнеж за хакерски криминал

На 16 мај 2025 година, по судска наредба и претходна истрага, полициски службеници од Секторот за компјутерски криминал при МВР извршија претрес во дом и други простории на Л.К....