fbpx

Запленети над 200 килограми тутун од пазари, возила и од нелегални продавници

Полициски службеници од криминалистичка полиција и од економски криминал, во заедничка акција со царински службеници, претставници од УЈП и од Државниот пазарен инспекторат на повеќе локации во Скопје денеска спровеле акција против криумчарење на акцизна стока

-

Полициски службеници од криминалистичка полиција и од економски криминал, во заедничка акција со царински службеници, претставници од УЈП и од Државниот пазарен инспекторат на повеќе локации во Скопје денеска спровеле акција против криумчарење на акцизна стока и избегнување на давачки за продажба на режан тутун и производи од тутун без акциза и платени давачки.

Од Министерството за внатрешни работи (МВР) информираат дека за време на контролата е констатирано дека во продажен објект, сопственост на Џ.А., пронајдени се и одземени 90 килограми режан тутун, а избегнато било плаќање на акциза од 193.500 денари. Покрај ова, констатирано било дека објектот нема регистрирано правно лице, за што ќе следи соодветна глоба од Државниот пазарен инспекторат.

На тезга на влез на пазар, пак, сопственост на У.Х. пронајдени и одземени биле 105 килограми тутун, при што била избегната акциза од 225.750 денари. Во возило сопственост на О.И. биле пронајдени и одземени 19 килограми режан тутун, а лицето избегнало плаќање акциза во вкупен износ од 40.850 денари.

„Со денешната заедничка акција спречено е криумчарење на акцизна стока со вкупен износ на избегнати давачки кон државата над 460 илјади денари. Против лицата ќе следуваат соодветни поднесоци од надлежните институции“, соопштува МВР.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Вучиќ кон Пикси откако автобусот се заглави во песок: „Тешки сме Драгане“

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека е договорено финалето на Лигата на Европа на УЕФА во 2028 година да се игра на Националниот стадион во Сурчин. Вучиќ на...