fbpx

Ковачевски: Ја повикувам опозицијата на отвореност, заедно да одлучиме за европската иднина

Сега, кога државата има донесено низа на тешки одлуки, благодарение на оваа Влада, кога државата е веќе членка на НАТО, кога претседава со ОБСЕ, кога сме земја признаена од целата меѓународна заедница, шансата мора да ја искористиме, рече Ковачевски

-

Опозицијата одбива да се вклучи и во работната група за подготвување на уставните амандмани, исто како што одбиваа и беа против сите важни процеси во државата. Но сепак, повикувам на отвореност и политичка одговорност и ги повикувам сите партии и општествени чинители да се приклучат кон остварувањето на стратешките цели на државата. Заедно да ги донесеме одлуките и заедно да ја обезбедиме европската иднина.

Oва го порача премиерот Димитар Ковачевски, на денешната редовна средба со лидерите на владината коалција. На средбата во фокус беа стратешките приоритети на државата и важноста од влез во Европската Унија.

„Немаме време за губење. Продолжувањето на европскиот пат е историска шанса која не сум сигурен дека ќе ја добиеме повторно, шанса која треба да се искористи сега и веднаш. Поминавме 11 години во барање на алтернативни начини за развој на државата и приклучување кон евро-атлантските интеграции. 11 години на владеењето на ВМРО- ДПМНЕ покажаа дека државата единствено заврши во ќорсокак и во изолација. Сега, кога државата има донесено низа на тешки одлуки, благодарение на оваа Влада, кога државата е веќе членка на НАТО, кога претседава со ОБСЕ, кога сме земја признаена од целата меѓународна заедница, шансата мора да ја искористиме“, рече Ковачевски.

Тој кажа дека полноправното членство во ЕУ до 2030 година е амбициозна, но достижна цел за државата.

Ковачевски ги информирал коалициските партнери за работните средби кои ги имал во Њујорк и Вашингтон. Во своето обраќање кажал дека од американскиот државен секретар Блинкен, добил огромна поддршка и благодарност за тоа што земјава докажан сојузник и партнер како на САД, на ЕУ и на НАТО – Алијансата.

„Северна Македонија како прва земја од Западниот Балкан што го започна Стратешкиот дијалог со САД, останува стабилен, стратешки партнер и докажан сојузник на САД, билатерално меѓутоа и мултилатерално во НАТО, фокусирана на заедничката посветеност кон безбедност, слобода и демократски просперитет“, рекол Ковачевски во обраќањето.

 

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Патоказот со ФИРОМ во Грција не е поставен сега, туку постои барем две години

Вакви патокази во Грција постојат барем две години, а некои и од пред потпишувањето на Преспанскиот договор. Поранешниот премиер Зоран Заев за грчките медиуми уште лани изрази очекување дека...