петок, 4 септември, 2026
Meta.mk

Ознака: акциза | 23 резултати

Основните прехранбени продукти ослободени од ДДВ, намалена и акцизата за горивата

март 12, 2022

Собранието на С. Македонија доцна синоќа ги усвои измените на Законот за додадена вредност и Законот за акцизите. Со оваа одлука од  данок на додадена вредност се ослободуваат лебот, шеќерот, белото брашно, маслото за јадење, јајцата и оризот, додека за горивата ДДВ-то се намалува од 18 на 10 отсто. Пратениците ја намалија и акцизата на […]

Наместо еколошка такса, постојаното менување на законите доведе до намалување на цената на дизелот

јули 19, 2021

Збрка од предложени и применети законски решенија за цената на нафтените деривати, за само еден месец. Наместо од почетокот на јули да се воведе еколошката такса од 3,5 денари за горивата како што најавија од Владата, најновата одлука на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги, предвидува намалување на акцизата за 2 денара за литар […]

Владата ја изедначи цената на акцизата на екстра-лесното масло со онаа на дизелот

јуни 23, 2020

Владата на вчерашната седница донесе одлука за изедначување на акцизата на екстра-лесното масло за домаќинство со акцизата на дизел горивото. Таа донесе изменување и дополнување на Уредбата со законска сила за примена на Законот за акцизите за време на вонредна состојба, со кои се изедначи акцизата на маслото за греење со акцизата на дизелот, кој […]

Сугарески: Демократско право е протестот на транспортерите, но е без аргументи

април 28, 2020

Министерот за транспорт и врски Горан Сугарески, коментирајќи го денешниот протест на транспортерите поради зголемување на акцизата на горивата, рече дека протестот е неспорно демократско право на сите, но три клучни аргументи се против оправданоста на тој протест. „Прво, зголемувањето на акцизата е поради солидарност со граѓаните. Не е никаков товар за никого. Второ, цената […]

Владината уредба за акцизите на нафтата ќе остане на сила речиси до Нова Година

април 21, 2020

Очекува ли Владата нестабилноста на нафтениот пазар поради кризата предизвикана од корона вирусот да трае подолг период е прашање што заслужува внимание ако се земе предвид дека новата Уредба со која се зголемуваат акцизите за нафтените деривати се предвидува да трае за време на вонредната состојба, но и седум месеци по нејзиното завршување. Со Уредбата […]

Бензините од утре поскапи за три и пол денари, дизелот за денар и пол (инфографик)

април 21, 2020

По владината одлука за зголемување на акцизата на нафтените деривати за три денари, Регулаторната комисија за енергетика ја определи цената по која граѓаните од утре ќе можат да набавуваат нафтени деривати од бензинските станици во земјава. Цените на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемуваат за три и пол денари за литар, додека дизелот […]

Владата ја зголеми акцизата на нафтените деривати за три денари

април 21, 2020

Владиниот портпарол Муамет Хоџа денеска на прес-конференција информираше дека Владата со Уредба со законска сила за примена на Законот за акцизите, ја зголемила цената на акцизата на нафтените деривати за три денари. „Уредбата е донесена за да се ублажат економските последици од зголемените трошоци за справување со корона вирусот и обезбедување средства за редовно сервисирање […]

МАНУ за загадувањето: Да се забрани увоз на возила постари од осум години

ноември 6, 2018

Да се забрани увоз на возила постари од осум години во земјава, да се спроведуваат постојани контроли на издувните гасови на возилата и воведување казни за оние кои ги извадиле катализаторите од возилата. Постојано да се зголемува и акцизата на дизел горивото за неговата цена да се изедначи со цената на акцизата на дизелот. Тоа […]

Државата останува на ставот за зголемена акциза на дизелот

мај 29, 2018

Државата нема да преземе мерки во однос на континуираниот пораст на цената на нафтата и нафтените деривати и останува на ставот дека мора да остане акцизата за дизелот која од оваа година е зголемена за 3,5 денари, одговори на новинарско прашање вицепремиерот за економски прашања, Кочо Анѓушев, во врска со поскапувањето на горивата. Тој вети мерки […]

ВМРО-ДПМНЕ: Секое домаќинство во просек плаќа 12.000 денари повеќе за дизел од лани

мај 29, 2018

СДСМ удри по најсиромашните, секое домаќинство во просек плаќа 12.000 денари повеќе за дизел од лани, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ. Во него се додава дека „СДСМ не работи за граѓаните, затоа и ја покачи акцизата за 3,5 денари.“ „Тоа предизвика директен трошок од над 40 милиони евра за граѓаните и за стопанството, а […]

Данев: Власта ја одби иницијативата на ВМРО-ДПМНЕ за намалување на акцизата на горивата

мај 2, 2018

Граѓаните на Република Македонија денеска по којзнае кој пат беа сведоци дека пратениците на владејачкото мнозинство на чело со СДСМ уште еднаш ги ставија во преден план партиските и личните интереси наспроти интересите на граѓаните на Република Македонија, рече координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Драган Данев, на прес-конференција во Собранието на Република Македонија. – […]

Обвинителството отвори истрага за затајување данок при увоз на дизел гориво

јануари 25, 2018

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција денеска соопшти дека, отворило предистражна постапка по допрен глас во врска со злоупотреба и затајување на данок при увоз на дизел гориво. „Предистражната постапка е започната поради постоење на сомнение дека се увезувала стока декларирана како нафта за домаќинство, а всушност се увезувало дизел гориво […]

Тевдовски не очекува поскапувања, откако акцизата на нафтата се зголеми за 3,5 денари

јануари 2, 2018

Министерот за финансии, Драган Тевдовски не очекува поскапувањa на производите по зголемувањето на акцизата на нафтата и нафтените деривати од 3,5 денари, што стапи на сила од вчера. – Министерството за финансии веќе соопшти дека очекувањата за движење на инфлацијата се 1,7 проценти и во нив е вградено и зголемувањето на акцизата. Апсолутно не очекуваме тоа […]

Дизел горивото поскапо за 3,5 денари поради зголемената акциза

јануари 1, 2018

Првиот ден од 2018 година донесе повисока цена на дизел горивото, кое сега чини 3,5 денари повеќе од претходно, поради зголемената акциза, која порасна за толкав износ. Од денеска на бензинските станици дизел горивото чини 58,5 денари. Зголемувањето на акцизата беше најавено на почетокот на ноември при презентацијата на предлог буџетот за 2018 година. Тогаш […]

Зголемувањето на акцизата за нафта помина на владина седница

ноември 15, 2017

На денешната 38 седница, Владата го разгледала и го усвоила предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за акцизи, информираа од Владата преку соопштение. Со измената се предлага зголемување на висината на акцизата на гасно масло (дизел гориво) кое се користи како погонско гориво и на гасното масло што се користи како гориво за греење, […]

ВМРО-ДПМНЕ: Поголема акциза за нафтата значи помалку пари во семејниот буџет

ноември 2, 2017

Со зголемување на акцизата на горивата за фрапантни 3,54 денари, ќе се одземат пари од семејниот буџет на граѓаните, изјави на прес-конференција Драган Данев од ВМРО-ДПМНЕ, како реакција на најавеното зголемување на акцизата на нафтата и на нафтените деривати во предлог-буџетот за 2018 година. Тој додаде дека зголемувањето на акцизата на горивата ќе значи и поголем трошок за […]

Богов: Зголемувањето на акцизата нема да има голем директен ефект врз инфлацијата

ноември 2, 2017

Гувернерот на Народна банка, Димитар Богов, смета дека зголемувањето на акцизата на нафтата нема да има голем директен ефект врз инфлацијата следната година. Прашан за денешната одлука на Министерство за финансии за зголемување на акцизата на нафтата и на нафтените деривати за 3,54 денари, Богов рече дека направиле некои брзи проценки кои покажуваат дека директниот ефект […]

Предлог-буџетот за 2018 година е 3,4 милијарди евра, ќе се зголеми акцизата за нафта

ноември 2, 2017

Предлог-буџетот за 2018 година тежи 3,4 милијарди евра, објави денеска министерот за финансии, Драган Тевдовски. Tој денеска ги презентираше бројките пред јавноста, граѓанските организации и пред претставниците на стопанските комори. Буџетскиот дефицит е планиран на 2,7 проценти од домашниот бруто-производ наспроти 2,9 проценти лани. Ова, како што кажа Тевдовски, е во насока на постепено намалување […]

Цигарите ќе поскапат за три денари од 1 јули

јуни 28, 2016

Цигарите ќе поскапат за три денари од први јули, како резултат на зголемување на акцизата за три денари по кутија. Зголемување на цената на цигарите последен пат беше направенo во февруари годинава, кога цигарите поскапеа за пет денари. Ова поскапување од први јули е за последен пат годинава, а од следната година цигарите ќе поскапуваат […]

Страна 1 од 1