fbpx

Пријава за непознат сторител кој исекол електрични и комуникациски кабли на Железнички Мост

„Не сакаме да веруваме дека станува збор за намерна саботажа предизвикана од политичка генда“, велат во град Скопје

-

Градските власти заедно со локалните во општината Карпош, поднеле пријава против непознат сторител кој оштетил јавен имот, откако на т.н. „Железнички Мост“ во општина Карпош на булеварот „Васил Чакаларов“, синоќа исекол и оштетил електрични и комуникациски кабли.

„Не сакаме да веруваме дека станува збор за намерна саботажа предизвикана од политичка агенда, но, ако судиме по реакциите на политичките партии кои го политизираа и пожарот на мостот „Беласица“ со шпекулации и предизвикување на општа несигурност и паника кај граѓаните, заклучокот е загрижувачки“, наведено е во соопштението од град Скопје.

Оттаму апелираат до сите институции да ги превземат сите неопходни мерки за да се спречи ваквата појава, како и до сите политички чинители да не поттикнуваат вакво однесување.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Борел и Вархеји: Изборите беа демократски спроведени

Во заедничка изјава, потпретседателот на Европската комисија и висок претставник на Европска Унија за надворешни работи и безбедносна политика Жозеп Борел и еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји го поздравуваат...