fbpx

Уште 26 лесни оклопни транспортери „Ошкош“ наскоро ќе бидат предадени на АРМ

АРМ веќе користи шест лесни оклопни возила „Ошкош“ кои пристигнаа во јули минатата година, а на кои припадниците на Армијата имаа можност да се обучуваат

-

Министерката за одбрана Славјанка Петровска на денешниот брифинг за новинари информираше дека во пристаништето во Солун пристигна втората пратка лесни оклопни возила JLTV Oshkosh, односно 26 возила, наменети за Армијата на Република Северна Македонија.

„Вкупно 26 возила се наоѓаат на пристаништето во Солун и во наредните денови треба да започне испораката кон Република Северна Македонија, односно истите ќе бидат пренесени во касарната во Штип“, истакна Петровска на новинарското прашање за набавката на оклопните возила од типот JLTV Oshkosh.

АРМ веќе користи шест лесни оклопни возила „Ошкош“ кои пристигнаа во јули минатата година, а на кои припадниците на Армијата имаа можност да се обучуваат.

Досега испорачаните 32 Ошкоша се дел од повеќегодишна набавка на вкупно 88 оклопни возила од ваков тип, која ќе се реализира и во следните години.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Ковачевски повика на внатрепартиски избори: Денешниот резултат е разочарувачки, на СДСМ му е зададен тежок удар

Денешниот резултат е разочарувачки, на СДСМ му е зададен тежок удар - не само од граѓаните, туку и од симпатизерите и поддржувачите на партијата, истакна вечерва на прес-конференција претседателот...