fbpx

Нов пад на цените на горивата

98-октанскиот бензин од ноќеска ќе чини 79,5 денари за литар, додека литар дизел гориво ќе се продава за 66,5 денари

-

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕВУ) донесе одлука за намалување на малопродажните цени на нафтените деривати.

Согласно одлуката, бензинот Еуросупер БС-95 поевтинува за еден денар за литар и од ноќеска ќе чини 77 денари за литар. За половина денар, пак, ќе поевтинат Еуросупер БС-98, Еуродизелот и Екстра лесното масло за домаќинство.

Новата цена на 98-октанскиот бензин ќе изнесува 79,5 денари за литар, додека литар дизел гориво ќе чини 66,5 денари.

Екстра лесното масло ќе чини 65,5 денари за литар.

Поевтинува и мазутот, кој од ноќеска ќе се продава по цена од 39,155 денари за килограм.

 

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Полицијата насилно го задуши про-палестинскиот протест на Универзитетот Калифорнија

Стотици полицајци влегоа на кампусот на Универзитетот Калифорнија (УКЛА) денес во обид да го расчистат про-палестинскиот протестен камп, кој вчера беше нападнат од израелски поддржувачи, пишува Гардијан. Се проценува дека...