fbpx

Од утре дизелот поевтин, бензините поскапи

-

Одлука за зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,23 отсто донесе Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕВУ).

Согласно најновата одлука, дизел горивото и екстра-лесното масло за домаќинство поевтинуваат, додека бензините ќе имаат повисоки цени.

Малопродажната цена на Еуродизел се намалува за еден денар за литар, па од ноќеска на полноќ дизелот ќе чини 73 денари за литар. Екстра лесното масло поевтинува за денар и половина и ќе чини 72 денари за литар.

Од друга страна, цената на Еуросупер БС-95 се зголемува за еден денар, па бензинот со 95 октани од утре ќе чини 82 денари за литар. За денар и половина поскапува и Еуросупер БС-98, кој ќе се продава по цена од 84,5 денари за литар.

Повисока цена ќе има и мазутот, кој од полноќ ќе чини 37,628 денари по килограм.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Погрешно се тврди дека еден од осомничените за нападот во Москва е чеченскиот милитант Ажиев

Човекот на фотографијата, кој од страна на руските власти беше идентификуван, приведен и изведен пред суд како осомничен за терористичкиот напад во Москва, е Далерџон Мирзоев, државјанин на Таџикистан...