fbpx

Богов: Економијата во моментов е најсилната точка во земјата

-

Економијата во моментов во земјава е најсилната точка, смета гувернерот на Народната банка на Република Македонија, Димитар Богов, и порачува дека во ваква политичка констелација, најмалку што треба е да се наруши нејзината стабилност.

– Имаме макроекономска стабилност, стабилен курс на денарот, стабилност на банкарскиот сектор, ниска инфлација, економски пораст кој очекуваме годинава да го продолжи трендот од претходните години и да биде повисок од претходната и најмалку што ни треба во рамки на политичките констелации што ги имаме во моментов, е да ја нарушиме стабилноста на економијата, макроекономската и банкарската стабилност, и да наштетитеме на економскиот пораст – рече на денешната прес-конференција гувернерот Богов, оценувајќи ги како невистини изнесените информации во медиумите за работењето на Народната банка на Република Македонија.

Гувернерот додаде дека единствено што може да нè дестабилизира се изнесувања невистини и инсинуации и оти преку економијата, а особено преку банкарскиот сектор, најлесно може да се наштети. Посочи дека и „домашната потрошувачка е здрава, дека се зголемува“ и оти не влијае врз движењата на инфлацијата.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Сиљановска со двојна предност пред Пендаровски, ВМРО-ДПМНЕ со тројна предност пред СДСМ

Од обработените 50 отсто од резултатите на вториот круг претседателски избори и од парламентарните избори, може да се заклучи дека досегашната владејачка СДСМ доживува катастрофален пораз. Кандидатката за претседател поддржана...