fbpx

„Солидарност“: Власта ги сведува жените на домаќинки и на родилки

-

Без целосна родова еднаквост, нема ни демократија ни социјална правда, е пораката што ја испраќа Левичарското движење „Солидарност“ по повод 8 Март, Меѓународниот ден на жената.

– Нашето општество е сè уште заложник на традиционалните и патријархални механизми на мислење и на живеење. Тие играат клучна улога во креирање на политиките, носењето на законите и во институционалната практика, притоа генерирајќи постојана општествена неправда – родова неправда, која го уништува потенцијалот за прогрес на нашето општество – смета „Солидарност“.

Од движењето истакнуваат дека неправдата и насилството врз жените во Македонија се искуства кои тие ги преживуваат секојдневно во сите аспекти на своето живеење.

– Власта на ВМРО-ДПМНЕ и на ДУИ, во последните години упорно воведува нови политики, закони и води кампањи за ретрадиционализација на општеството во Македонија и ги сведува жените на родилки и на домаќинки, речиси одземајќи им го правото на избор и активно поткопувајќи го нивниот личен интегритет, преку стигматизација на женската слобода. Оваа власт придонесува за уште поголема економска неправда врз жените. Нивните законски измени директно влијаат врз нееднаквоста во примањата, како и врз правото на користење боледување – пишува во соопштението на „Солидарност“.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Гореле диви депонии во Желино и Боговиње

Две диви депонии синоќа гореле во Полошкиот регион. Според информациите од Центарот за управување со кризи се случиле два пожари на отворен простор во последното деноноќие, во атарот на...