fbpx

Од ноќеска ќе поскапат дизелот и бензините

-

Од ноќеска на полноќ малопродажните цени на нафтените деривати ќе се зголемат во просек за 0,5 отсто, согласно одлуката на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕВУ).

Од ноќеска цените на бензините се зголемуваат за еден денар за литар, па така, новата цена на Еуросупер БС-95 ќе изнесува 84 денари за литар, додека Еуросупер БС-98 ќе се продава по цена од 86 денари за литар.

Дизелот ќе поскапи за 0,5 денари за литар и од полноќ литар Еуродизел (Д-Е V) ќе чини 84,5 денари за литар.

Цената на Екстра лесното масло за домаќинство се намалува за еден денар и ќе изнесува 82,5 денари за литар, додека мазутот поскапува за 0,304 денари и ќе се продава по цена од 41,346 денари за килограм.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Вучиќ кон Пикси откако автобусот се заглави во песок: „Тешки сме Драгане“

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека е договорено финалето на Лигата на Европа на УЕФА во 2028 година да се игра на Националниот стадион во Сурчин. Вучиќ на...