fbpx

Визер, Луфтханза и Аегеан Ерлајнс со барања за државна поддршка за воведување нови авиолинии

-

Авиокомпаниите Визер, Луфтханза и Аегеан Ерлајнс доставија понуди на тендерот за доделување финансиска поддршка за воведување нови авиолинии од Меѓународниот аеродром „Скопје” и аеродромот „Св. Апостол Павле” во Охрид за периодот од 2023 до крајот на 2025 година. Јавниот повик траеше од 20 декември 2022 година до вчера, соопшти денеска Министерството за транспорт и врски.

Понудите денеска биле отворени, а според Министерството, следната недела ќе биде извршена евалуација на понудите од страна на Комисијата составена од членови од неколку државни институции, по што се очекува да има избрани авиокомпании со кои ќе се склучи договор за субвенции за нови летови.

Според повикот, за годинава се предвидени 1,1 милион евра за финансиска поддршка за нови авиолинии и истите ќе се доделат согласно критериумите за рангирање на новите дестинации по следниот редослед: период на oперирање на дестинацијата, број на неделни летови, атрактивност на аеродромот кон кој оперира и број на седишта понудени на продажба.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Гордата Гордана“ не можела да му се спротивстави на Мицкоски

Сиљановска-Давкова е претседателски кандидат, а за неколку дена ќе се знае дали ќе биде идниот претседател на државата. Затоа е чудно што онака ноншалантно кажува да не се очекува...