вторник, 19 мај, 2026
Meta.mk

Ознака: авиокомпании | 22 резултати

Приземјени сите летови во САД поради дефект на системот за контрола на лет

јануари 11, 2023

Сите домашни летови во САД беа приземјени неколку часа поради дефект со системот за контрола на летот, јавија светските медиуми. Американската Федерална управа за авијација соопшти дека настанал проблем со системот што ги предупредува пилотите за потенцијални опасности за време на летовите, критичен систем за воздухопловната безбедност. „Гардијан“ јави дека биле одложени повеќе од 2.500 […]

Од вчеравечер до утрово откажани десет, а пренасочени три лета од скопскиот аеродром

јануари 3, 2023

Од 20 часот вчеравечер до 9 часот утрово, авиокомпаниите откажале десет, а пренасочиле три лета поради намалена видливост како резултат на густата магла во скопската котлина, соопштија од Меѓународниот аеродром Скопје. Оттаму велат дека согласно правилата на авиопревозниците за вакви ситуации, тие им организираат превоз и хотелско сместување на патниците. „За сите натамошни информации во […]

Објавен повик за финансиска поддршка за воведување нови авиолинии, ќе се избираат повеќе компании

декември 20, 2022

Министерството за транспорт и врски објави јавен повик за финансиска поддршка за нови авиолинии за периодот 2023 – 2025 година. На прес-конференцијата на која беа презентирани критериумите наведени во повикот, министерот за транспорт и врски Благој Бочварски рече дека овој јавен повик е различен од сите преходни и на него можат да се изберат повеќе […]

Воведена нова авиолинија Скопје-Киев, овој месец започнуваат и летовите кон Абу Даби

декември 6, 2020

Денеска министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски заедно со генералниот директор на ТАВ Македонија, Метин Батак и амбасадорот на Украина во Р.С. Македонија, Наталија Задорожњук, присуствуваа на воспоставување на првата авиолинија Киев – Скопје преку компанијата Виндроуз. Како што рече министерот, воспоставувањето на оваа линија е од огромно значање и за двете земји, бидејќи […]

Ковид-19 за неколку месеци успеа да го сруши деценискиот раст на авиосообраќајот во земјава [фото+инфографик]

ноември 1, 2020

Како гром од ведро небо, пандемијата на ковид-19 удри врз авиосообраќајот во меѓународни рамки и за само неколку месеци успеа да го сруши бројот на превезени патници во воздушниот сообраќај на нивото кое беше пред четири и пол децении. И во Македонија бројот на превезени патници со авион за првпат во изминатава деценија ќе забележи […]

Корона кризата доведе македонските аеродроми да изгубат половина милион патници

јуни 4, 2020

Корона вирусот и неговото четиримесечно ширење во нашата земја нанесува сериозни штети по авиосообраќајот. Поради одлуката на 18 март да се затворат двата аеродрома како мерка за спречување на ширењето на Ковид-19 во Македонија, до крајот на мај биле изгубени околу половина милион патници во авиосообраќајот. Податоците на Државниот завод за статистика покажуваат дека во […]

Короната го урна ависообраќајот – за два месеца „изгубени“ 300.000 патници (инфографик)

април 30, 2020

Затворањето на македонските аеродроми заради спречување на ширењето на корона вирусот веќе предизвика значајни штети во авиосообраќајот во земјава. Податоците на Државниот завод за статистика покажуваат дека низ двата аеродрома во првиот квартал од годинава минале 429.869 патници, односно за над 50.000 помалку во споредба со идентичниот период лани. Бројот на патници во првите три […]

Авиокомпаниите по багателни цени нудат билети и за почетокот на мај, државата апелира да се почека

април 30, 2020

И покрај апелот на Министерството за транспорт и врски граѓаните да се воздржат од купување авиобилети за патување во странство, авиокомпаниите кои летаат од македонските аеродроми веќе продаваат карти за најголем број од дестинациите до кои се лета од Скопје и Охрид. На веб-страниците на некои авиокомпании може да резервира билет за летови што би […]

Од мај ќе летаме со авион по нови правила поради корона вирусот

април 24, 2020

Европската комисија во мај ќе го претстави пакетот на нови правила за летање откако ќе бидат укинати вонредните мерки. Европската комесарка за транспорт Адина Валеан соопшти дека мерките ќе вклучуваат социјално дистанцирање меѓу патниците на аеродромите и во самите авиони. Главната цел на овие мерки е да се загарантира безбедноста на здравјето на патниците од […]

Јавниот повик до авиокомпаниите за враќање на 148 граѓани од Малта и 226 од Загреб, ќе трае до вечер до 22 часот

март 25, 2020

Владата информира дека денеска објави јавен повик за организирање авионски превоз за пренесување на македонски граѓани во Македонија со моментален престој во странство, по претходно составена листа на пријавени патници од МНР. Соопштено е дека за дестинации за чартер летови се утврдени Малта – Скопје (148 патници) и Загреб – Скопје (226 патници). „Крајниот рок за организирање на летовите […]

„Виз ер“ воспостави нова авиолинија од Охрид до Виена

ноември 19, 2018

„Виз ер“ воспостави новата директна линија Виена-Охрид-Виена, а летови ќе има во текот на целата година. За почеток два пати неделно, односно секој вторник и секоја сабота, со време на пристигнување на аеродромот Св. Апостол Павле во 17 часот и време на заминување кон Меѓународниот аеродром Виена во 17.30 часот. „Од 4 декември, времето на […]

Повторно поништен јавниот повик за финансиска поддршка на авиокомпании

октомври 17, 2018

Министерот за транспорт и врски Горан Сугарески денеска објави дека повторно е поништен јавниот повик за финансиска поддршка на авиокомпании што беше објавен на 13 септември годинава. На денешната прес-конференција во Владата, Сугарески информираше дека до крајниот рок е доставена само понуда од „Виз ер“, но таа не одговара со условите и критериумите во тендерот.

Објавен јавниот повик за финансирање на нискобуџетни авиокомпании

септември 14, 2018

Министерството за транспорт и врски објави јавен повик за доставување на барања за доделување на финансиска поддршка на авиокомпании, информираат од таму. „Финансиската поддршка се однесува за период од 2019-2021 година за воспоставување на нови линии од „Меѓународен aеродром Скопје” и аеродромот “Св. Апостол Павле” во Охрид. Сите заинтересирани компании ќе можат да достават барање […]

Воведена директна авионска линија Скопје – Варшава

јуни 1, 2018

Денеска се воспостави нова авиолинија Варшава – Скопје – Варшава која ја реализира „ЛОТ-Полиш ерлјанс“, шест пати неделно. Просечната цена на повратен билет изнесува 120 евра. Со оваа линија ќе се овозможи конекција од Варшава до повеќе дестинации во Источна и Западна Европа, Скандинавија, САД и Канада. „Со новата авиолинија Варшава – Скопје – Варшава создаваме […]

СЗО зависноста од компјутерски игри ја стави на листата на ментални нарушувања

јануари 5, 2018

Светската здравствена организација (СЗО) ги додаде зависноста од компјутерски игри и рискантното играње компјутерски игри, на нивната нацрт – листа на ментални нарушувања поврзани со зависности. Според дефиницијата на СЗО, првото нарушување го карактеризира шема на однесување поврзано со постојано играње дигитални игри или навраќање на такво однесување манифестирано преку „нарушена контрола на играњето, зголемен […]

Сугарески се сретна со претставници на авиокомпанијата „Полиш ерлајнс“

август 31, 2017

Министерот за транспорт и врски, Горан Сугарески, денеска се сретна со претставници од авиокомпанијата „Полиш ерлајнс“, на која присуствуваше и амбасадорот на Полска во Македонија, Јацек Мултановски. На средбата се разговарало и за можноста за воспоставување летови и од аеродормот „Св. Апостол Павле“ во Охрид, со што би се заголемиле капацитетите на искористенот на овој аеродром. Сугарески […]

Откажани неколку летови, маглата го отежнува сообраќајот

февруари 3, 2017

Авионските летови кон Виена, Загреб и кон Истанбул утринава се откажани, пишува на официјалната веб-страница на „ТАВ аеродроми“. Според информативната табла за закажани летови, ситуацијата со откажани и со одложени летови постојано се менува. Причина за откажувањето на летовите е маглата, а секоја од авиокомпаниите самостојно одлучува дали нивниот авион ќе полета во услови на намалена […]

Брисел почна истрага за владиното субвенционирање нискобуџетни авиолетови

јуни 2, 2016

Портпаролот на Европската комисијата, Јакуб Адамовиц, потврди дека Брисел почнал истрага за владиното субвенционирање на нискобуџетни авиолетови кои за македонските граѓани обезбедуваат евтини летови. Според Адамовиц, Брисел е свесен за загриженоста на некои авиокомпании и аеродроми на Балканот во однос на она што се случува во Македонија, за што, според него, од ЕК се во контакт […]

Страна 1 од 1