fbpx

Од вчеравечер до утрово откажани десет, а пренасочени три лета од скопскиот аеродром

-

Од 20 часот вчеравечер до 9 часот утрово, авиокомпаниите откажале десет, а пренасочиле три лета поради намалена видливост како резултат на густата магла во скопската котлина, соопштија од Меѓународниот аеродром Скопје.

Оттаму велат дека согласно правилата на авиопревозниците за вакви ситуации, тие им организираат превоз и хотелско сместување на патниците.

„За сите натамошни информации во врска стекнување на патничките права, ги упатуваме патниците да се обратат кај својата авиокомпанија, со чии услови и правила на користење се согласиле кога ги купиле авионските карти“, се вели во објавата на Меѓународниот аердором Скопје на нивната страница на Фејсбук.

Доколку патниците имаат потреба дополнително да ги бараат своите патнички права, Меѓународниот аеродром ги упатува да се обратат до Агенцијата за цивилно воздухопловство на чија интернет-страница се пропишани правилата и условите за нивно остварување.

Од 9 часот утрово нема откажани летови од скопскиот аеродром, а во моментов не се очекуваат нарушувања иако видливоста е променлива.

Од скопскиот аеродром ги упатуваат патниците да ја следат нивната интернет-страница во делот Летови – Заминувања/Пристигнувања, каде се ажурираат евентуалните промени во редовниот распоред на летови.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

НБО вели дека поскапеното автоосигурување е реално, Битиќи бара повлекување на одлуката

Порастот на цената на полисата на задолжителното автоосигурување се должи на континуираниот раст на цените на реосигурувањето, автомобилите, резервните делови и на порастот на платите и постојаната голема инфлациона...