fbpx

ЕСМ Продажба го зголеми бројот на субјекти за субвенционирано снабдување со струја

-

ЕСМ Продажба од 1 јануари годинава го зголеми бројот на субјекти за субвенционирано снабдување со електрична енергија, според одлуката на Владата за антикризни мерки.

Субвенционираното снабдување со струја за фирми од прехранбената индустрија и за училишта и други институции, почна минатиотн месецо.

Како што соопштија од ЕСМ, за снабдување со струја по пониска цена од 1 јануари годинава се вклучени дополнителни 65 училишта, како и уште 57 фирми од прехранбената индустрија и 6 водостопански претпријатија.

Вкупниот број субјекти кои ги снабдува ЕСМ Продажба по оваа владина одлука изнесува 675, односно по пониска цена се снабдуваат 374 училишта, 244 фирми од прехранбената индустрија и 57 водостопански претпријатија. Притоа, потрошувачите од прехранбената индустрија добиваат електрична енергија по цена од 80, а училиштата и водостопанствата по цена од 95 евра за мегаватчас.

Рокот за пријавување за снабдување од 1 февруари е до 20 јануари.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Германија е единствената членка на ЕУ со повеќе потстанари отколку сопственици на имот

Германија е единствената членка на Европската Унија каде што има повеќе потстанари отколку луѓе кои поседуваат свои куќи или станови. Минатата година уделот на Германците кои поседуваат свои домови...