fbpx

Почна судењето за нападите на бостонскиот маратон

-

Две години по бомбашкиот напад на бостонскиот маратон, почна судењето на обвинетиот за нападот, Џохар Чарнаев, кој заедно со својот постар брат, Тамерлан, е обвинет за бомбашкиот напад.

Браќата Чарнаев се обвинети за поставување бомби од кои загинаа три лица, а повеќе од 260 се повредени на маратонот во Бостон, одржан на 15 април 2014 година.

Тамерлан е убиен во полициската потрага што следеше по нападот. Составот на поротата, по два месеци, вчера беше избран.

Дваесет и едногодишниот Чарнаев, кој е натурализиран Американец и потекнува од рускиот Северен Кавказ, се изјасни како виновен по 30 точки од обвинението, кое го поврзува со двата напада.

Обвинителите наведоа дека браќата сами ги направиле бомбите според инструкциите од магазинот на Ал Каеда на англиски јазик, „Инспајр“, но оти дејствувале самостојно.

Смртната казна во американската држава Масачусец е суспендирана во 1984 година, но Чарнаев би можел да се соочи со смртна казна затоа што му се суди во федерален, а не во државен суд во Масачусец.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Одбележани 121 година од смртта на Гоце Делчев

Претседателските кандидати Стево Пендаровски и Гордана Сиљановска Давкова положија цвеќе на гробот на Гоце Делчев во црквата „Св.Спас“, по повод 121 годишнината од неговото загинување. „Никој нема право да се...