fbpx

Груевски: За Заев е нормално што соработува со странски служби

-

Премиерот Никола Груевски денеска рече дека лидерот на СДСМ, Зоран Заев, во телевизиско интервју признал дека било нормално во семејството да се допишуваш со шифрирани пораки со бројки, наместо со букви и со зборови.

– Тоа го говори за човекот за кој пред некое време тврдеше дека не го познава, дека нема контакти со него, а сега веќе знае како тој и жена му се допишуваат и тоа го смета за сосема нормална работа и го оправдува пред јавноста. Човекот кој на неговото семејство му купил компјутер и кој се подготвувал да купи и автомобил, ама, ете, според него, за несреќа, не се случила таа работа. Ќе видиме, времето ќе покаже дали се случила или не. Целата ситуација станува помалку и смешна. Колку повеќе Заев излегува на телевизија, толку повеќе се разобличува самиот себеси од лагите и од интригите во кои самиот се вовлече, заедно со луѓето што го подготвуваат ова за него – нагласи премиерот Груевски, одговарајќи на новинарско прашање по доделувањето на решенијата за вработување на лица со статус деца без родители и без родителска грижа до 18 години.

За Груевски, тезите на Заев се искривени, а тој сè повеќе се чувствува како на тенок мраз.

– Тоа е една нова теза која Заев ја исфрли на последното интервју, дека не било важно кој направил упад во државниот систем, не било важно тоа што била организирана агентурна мрежа, дека била вмешана странска разузнавачка служба, дека тој, на некој начин, е инструмент на таа служба, дека таа странска разузнавачка служба потплатувала свои соработници во Македонија, од кои дел го признаа делото, дека биле потплатувани и дека работеле по нивни налог и дека добивале и спроведувале нарачки од таа страна. Тоа што државата била доведена во таква ситуација од странска разузнавачка служба, тоа што тој е сега нејзин експонент, тоа не треба да го гледаме. Никого не треба да го загрижува тоа што на тој начин се загрозува и приватноста на граѓаните. Тоа се навистина искривени тези и мислам дека сè повеќе Заев се чуствува како на тенок мраз – додаде премиерот.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Полицијата ги растера пропалестинските активисти од зградата на универзитетот во Париз

Француската полиција денес влегла во зградата на парискиот универзитет „Сијанс По“, и ги растерала пропалестинските активисти. Група од околу 70 студенти ја окупирале зградата на Институтот за политички науки во...